Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
понеделник, 09 декември 2024
ПРОЕКТ: ЖЕНИТЕ И ОПШТЕСТВОТО - РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ - УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЖЕНИТЕ
 
Реализирана активност:
Организирани 47 обуки и семинари со 1146 учеснички преку регионалната програма за политичко јакнење на жените, “Жените тоа го можат”
Датум:
 
 
Организирани 47 обуки и семинари со 1146 учеснички преку регионалната програма за политичко јакнење на жените, “Жените тоа го можат”

Основни информации за активностите од програмата ЖТГМ


“Жените тоа го можат “ е регионална програма која е фокусирана на зајакнувањето и потикнувањето на жените од политичките партии, граѓанските организации , синдикатите , медиумите и жени од други професии и сектори за активно вклучување во јавниот и политичкиот живот во заедницата.

Активностите на проектот “Жените тоа го можат “ се составени од обука за обучувачи/чки, ( ТОТ) локални семинари, вмрежување, спроведување на локални акции во заедницата и евалуативен семинар.

Во семинарите “Жените тоа го можат’’, преку интерактивен пристап се обработуваат теми и вежби кои овозможуваат дефинирање на родовиот аспект на женскиот јавен и политички активизам, а и зголемувањето на политичко - управувачките знаења и вештини.

Содржините и спроведените активности, мотивираат и даваат поддршка на женското интерсекторско вмрежување и активно делување во заедницата преку иницирање и спроведување на јавни акции во зависност од идентификуваните проблеми и потреби на заедницата. Преку овие јавни акции се зголемува сензибилноста за прашањата за родовата рамноправност и се потикнува соработката помеѓу жените од различни партии, граѓанските организации, синдикатите, медиумите, локалната самоуправа и другите чинители во заедницата.

Резултати и достигнувања

Женска граѓанска иницијатива Антико во рамките на регионалната програма “Жените тоа го можат” (2002 - 2008) во локалните заедници на Македонија одржаа 47 семинари со 1. 146 учеснички - жени од различни партии, националности, сектори, функции и професии. Жени кандидатки за пратенички, советнички на општинските собранија и кандидатки за градоначалнички.
 
Некои од позначајните конкретни резултати
 
 
  • Од семинарите и локалните акции кои Антико ги организира во 2006 година од вкупниот број на учеснички - кандидатки од изборните листи, 8 учеснички или 30.77% се избраа за пратенички во Македонскиот Парламент. Овој процент на ниво на парламентот изнесува 25,24%
  • Вкупниот врој на избрани парламентарки кои биле целни групи на Антико во активностите проектите ,,Жените тоа го можат,, е 15.
  • Во локалните избори 2005 година 130 жени учеснички на семинарите беа предложени за кандидатки во изборните листи.
  • Во 16 Единици на локалната самоуправа во градски и рурални средини од вкупниот број на избрани советнички (92) - 35.85% (33) се целни групи на Антико.
  • Активностите на проектите ,,Жените тоа го можат,,, како и други проекти и активности на Антико во рамките на оваа програма,имаа големо влијание и дадоа многу значаен придонес и поддршка за сензибилизирање на прашањето на зголемувањето на бројот на жени во политиката и раководни позиции, а и воведувањето на интитуционални механизизми за постигнувањето на родовата рамноправност во Р. Македонија како што се задолжителните квотите од 30% за родовите во Изборниот Законик и заштитните механизми во изборните листи.
  • Како резултат на квотите се зголеми бројот на жени парламентарки од 7.5% до 2002 и 33% во парламентарните Избори 2008 година
  • На локално ниво бројот на жени советнички во општинските собранија беше 8.4% додека во локалните избори 2005 овој број се зголеми на 22.7%
  • Во текот на 2006 година се донесе ,,Закон за еднакви можности,, и започна процесот на фомирање на родови комисии во рамките на локалната самоуправа.
  • Во текот на 2007 се формира ,,Сектор за еднакви Можности,, Парламентарна родова комисија и се избраа координатори за родови прашања во сите министерства
  • Во текот на 2006/2007 се ревидира НАП за постигнување на родовата рамноправност 20007 -2012
  • Во 2008 се донесе Национална стратегија за борба против семејното насилство
  • Со цел на зајакнување на женската инфраструктура во рамките на внатрепатртиските структури и на локално ниво, Антико потпиша 48 меморандуми за соработка со сите политички партии во заеедницата
  • Антико, иницира и даде своја поддршка за формирање и унапредување на работата на женските форуми во рамките на поголемеиот дел на П.П. во Р. Македониаја
 
Пред локалните избори март 2009 во рамките на оваа програма се планирани да се одржат уште 7 семинари и 5 локални акции за жените од политичките партии и кандидатките за градоначалнички и советнички од изборните листи.
 
Други резултати
 
»
Се испечатиа 2800 примероци WCDI прирачници и 3 200 други работни материјали со информативна, промотивна и едукативна содржина.
 
»
Над 70% од учесничките на семинарите активно учествуваа во формирањето и работата на 34 мутиетнички интерсекторски мрежи. Тие дадоа свој придонес во областа на родовите прашања сензибилизирањето на јавноста и институциите, потигнувањето на родовата рамноправност и унапредувањето на положба на жените во Р.М.
 
»
Учесничките на семинарите - преку интерсекторските новоформирани мрежи (од страна на учесничките на семинарите) спроведоа 34 локални акции со 228 континуирани активности и различни форми на лобирање и јавно застапување за сензибилизирање на јавноста и институциите за зголемувањето на бројот на жени во политиката и раководните позиции, донесување на афирмативни мерки ( квоти 30%) Закон за еднакви можности и други институционални механизми за постигнување на родовата рамноправност на локално и национално ниво.
 
»
Во локалните акции учествуваа 6.446 директни учесници и 53.783 индиректни учесници - преставнички/ци од политички партии, локалната и централната власт, граѓанскиот сектор, медиумите, синдикатите и други релеватни институции од влијание во заедниците, како ицеловкупната јавност во Р.Македонија.
 
»
Со поддршка на Антико се отпечатија над 52.567 примероци родово сензитивни, едукативно информативни и промотивни материјали кои беа осмислени и дизајнирани од страна на целните групи како последователни (фолу-ап) акивности.
 
»
Освен тоа, учесничките на семинарите со цел да влијаат на подобрувањето на положбата на жените во оштеството - зголемувањето на бројот на жени во Парламентот и во раководни позиции во локалната власт и други структури организираа:
  • 251 заеднички состаноци
  • 25 трибини со 1794 учесници/чки
  • 120 медиумски прилози во локалните и националните медиуми
  • 7 прес конференции со 180 присутни
  • 18 родови истражувања анкети и анализи со 2759 испитаници
  • 3 ТВ анкета на теми за сензибилизирање на актерите во општеството за поголемата застапеност на жените во политиката и јавниот живот
  • 6 јавни дебати – 88 учесници од релевантни и влијателни структури
  • 3 ТВ дебати со 42 учесници на теми за зголемување на бројот на жени во раководни функции и постигнувањето на родовата рамноправност во Македоинија
  • 16 улични перформанси - со учество 511 учесниички од различни структури националности, професии и функции - делење на промотивни, едукативно информативни печатени материјали - јавно застапување, лобирање во релевантните институции и подигнње на јавната свест во заедниците.
  • Се снимија и емитуваа: ТВ спотови, радио емисии и други ефективни форми на јавно застапување кои имаа за цел да влијаат на сензибилизирањето на релевантните институции и донесувачи на одлуки.
  •  
    »
    Активностите се реализираа во рамките на проектите од програмата “Жените тоа го Можат”:
    1.Проект “Жените тоа го можат” 2002/2003
    2.Проект “Жените тоа го можат” 2003/2004
    3.Проект “Жените тоа го можат” 2004/2005
    4.Проект “Жените тоа го можат” 2005/2006
    5.Проект “Жените тоа го можат” 2006/2007
    6.Проект “Жените тоа го можат” 2007/2008
    7. Проект “Жените тоа го можат” 2008/2009
     
     
     
    РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА
     
    Активности за зголемување на бројот на жени во политиката и раководни функции – семинари и обуки
     
    Организирани 47 обуки и семинари со 1146 учеснички преку регионалната програма за политичко јакнење на жените, “Жените тоа го можат”
     
    ТОТ: Едукациија на едукатори од програмата ,,Жените тоа го Можат – политичко јакнење
     
    Други организирани семинари и обуки
     
    ТОТ: Едукациија за Родовите концепти - Сензибилизација на прашањата род и пол - работа со средношколци и млади
     
    Обука: Меѓународна тренинг работилница - Мониторинг на имплементација на Резолуцијата 1325ОН - Косово, БИХ и Р.Македонија
     
    Обука - Резолуција 1325 имплементација и мониторинг - тренинг работилница за преставници/чки од 19 граѓански организации од локалните заедници на Р. Македонија (2005)
     
    Активности - обуки за запознавање со Резолуцијата 1325 и други меѓународни документи за преставници/чки од граѓанските организации од локалните заедници на Р. Македонија (2004- 2005)
     
    Семинар : “Институционални мехнизими за постигнување на родовата рамноправност во Р.Македонија” 4-5 и 6 Јуни 2004 год. Хотел Дрим Струга
     
    Обука: Ненасилна разработка на конфликти и изградба на мирот - креативен пристап кон конфликтите и вештини на ненасилната комуникација ( 2004) СЕМИНАР: Мир во себе - Мир со сите
     
    Семинар: “Медиумите ваш партнер во контакти со јавноста 2”
     
    Семинар: “Медиумите ваш партнер во контакт со јавноста 1”
     
    Семинар: “Мрежи и умрежување”
     
    Семинар: “Ако жените добиваат кој губи”
     
    Семинар: “Родови предизвици - феминизмот како политика и определба”
     
    Циклус од 4 семинари “Повеке жени во власта”(2001)
     
    Иницијативи и активности за унапредување и заштита на женските човекови права во локалните заедници на Р. Македонија
     
    МУЛТИЕТНИЧКИ РАБОТИЛНИЦИ: одржани 1.200 работилници со над 19.000 учеснички
     
    ТРКАЛЕЗНИ МАСИ: Организирани 63 тркалезни маси со 2120 учеснички воведување на институционални механизми и афирмативни мерки - за унапредување на демократските процеси, човековите/женските права и родовата рамноправност
     
    ТРИБИНИ: Одржани 89 Трибини со 4387учесници/чки на теми од женските човекови права и рамноправното учеството на жените во донесување на политички одлуки и активна партиципација во развојот на заедницата
     
    КОНФЕРЕНЦИИ И ПАНЕЛИ: Одржани 28 национални и локални конференции и панели за унапредување на женските човекови права, демократските процеси и постигнување на родовата рамноправност со 1.576 учесници/чки
     
    Национална Конференција “Жените во политиката” (2004)
     
    Организирани конференции во 10 локални заедници со 808 учесници на тема: Зголемувањето на бројот на жени во политиката и раководни позиции (ноември - декември 2004)
     
    Национална конференција: ,,Достигнување и предизвици на женското организирање и делување во Македонија( 2002)
     
    Активизам за елиминирање на родовото и семејното насилство
     
    Насилство врз жените и семејното насилство
     
    Предизборни активности за унапредување на граѓанските и политички права на жените
     
    Активности за искоренување на феноменот на семејно гласање и гласање во име на друг
     
    Организирани 7 панели-дискусии со 60 кандидатки од изборните листи на политичките партии и женското гласачко тело во 7 локални заедници на Р. Македонија ( 2005)
     
    Активности за поддршка на руралните жени за правилно и самостојно - демократско искористување на правото на глас - Парламентарни избори 2006
     
    Едукација на 58.541жени со право на глас со пристап “Врата до Врата” во 188 рурални средини на Р.Македонија( 2002-2004)
     
    Нашиот глас одлучува Едукација на 22.894 жени со пристап “Врата до врата” за освестување за женските и политичките права
     
    Родовата рамноправност во локалната самоуправа - влијание за зајакнување и подобрување на работата на родовите комисии
     
    Активности и влијание за инплементација / подобрување на институционалните механизми за постигнување на родовата рамноправност
     
    Јавно застапување за донесување на иституционални механизми за постигнувањето на родовата рамноправност во Р. Македонија
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
    Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.