ПРОЕКТ: ЖЕНИТЕ И ОПШТЕСТВОТО - РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ - УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЖЕНИТЕ |
|
|
Реализирана активност: Национална Конференција “Жените во политиката” (2004)
Датум: |
|
|
|
Јакнење на женскиот идентитет и моќ за превземање на локални инициативи за унапредување и заштита на женските права во локалните заедници на Р.Македонија |
|
Национална Конференција - “Жените во политиката” (2004)
Една од значајните активности на проектот ““За демократско општество рамноправен избор” е Национална Конференција која се одржа на 23.12.2004 год. во Хотелот Александар Палас.
Тема на конференцијата: Како да го зголемиме присуството на жените во политиката и во одлучувачките структури на локално ниво. Модераторка на настанот : Афердита Хаџијаха Имери – (Star Network).
На конференцијата учествуваа 103 учесници - преставнички/ци од политичките партии, преседателките на женските форуми, локалната власт (3 градоначалници), централната власт, 4 пратенички и 1 пратеник на македонскиот парламент, како претставничка од кабинетот на Претседателот на Р. Македонија и други структури како што се преставничка од Министрството за труд и социјална политика, НВО, медиуми, синдикати, преставници од министерства и други релевантни државни институци на централно и локално ниво од 10 локални заедници на Македонија.
Во воведниот дел на конференцијата координаторка на мрежата на Антико Ѓунер Небиу даде краток осврт на реализираните активности и постигнатите резултати од широката национална кампањата на Антико “За демократско општество рамноправен избор “.
Потоа следуваа презентации на следниве теми:
1. Улогата на социо - културните фактори врз учеството на жената во политиката; (Весна Јованова) ЕСЕ.
2. Третирањето на жените во политичките партии; (Лилјана Поповска - пратеничка од Собранието на Македонија ).
3. Институционални механизми за спроведување на родово сензитивна политика; (Елена Граозданова - Министерство за труд и социјална политика - одделение за равноправност помеѓу половите.
4. Политичкото учество на припадничките на етничките заедници во Македонија - Азбија Мемедова - Центар за правата на ромите.
5. Улогата на медиумите (Билјана Бејкова - Координаторка на НВО - Инфо центар).
На овој настан медиумите дадоа голем публицитет. Таа беше проследена од 8 електронски и пишани медиуми кои дадоа простор со повеќеминутни прилози и позитивни коментари во однос на третираните содржини, а и значењето и улогата на кампањата за унапредувањето на положбата на жените и постигнувањето на родовата рамноправност во Р. Македонија.
Конференцијата и низа други активности во рамките на оваа кампања на НВО мржата на Антико (составена од 20 нејзини НВО членки ), дадоа придонес за сензибилизирањето на прашањата на учеството на жените во политиката и зголемувањето на нивниот број во раководни структури. Ова исто така имаше голем влијание и даде значителен придонес за воведување на задолжителни афирмативни мерки (квоти од 30% ) како и заштитни механизми за застапеноста на родовите во изборните закони.
Во Локалните избори Март - 2005 бројот на жени советнички во локалната самоуправа од 8.4% се зголеми на 22,7 %. |
|
|
|
|
|
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА |
|
Активности за зголемување на бројот на жени во политиката и раководни функции – семинари и обуки |
|
Организирани 47 обуки и семинари со 1146 учеснички преку регионалната програма за политичко јакнење на жените, “Жените тоа го можат”
|
|
ТОТ: Едукациија на едукатори од програмата ,,Жените тоа го Можат – политичко јакнење
|
|
Други организирани семинари и обуки |
|
ТОТ: Едукациија за Родовите концепти - Сензибилизација на прашањата род и пол - работа со средношколци и млади
|
|
Обука: Меѓународна тренинг работилница - Мониторинг на имплементација на Резолуцијата 1325ОН - Косово, БИХ и Р.Македонија
|
|
Обука - Резолуција 1325 имплементација и мониторинг - тренинг работилница за преставници/чки од 19 граѓански организации од локалните заедници на Р. Македонија (2005)
|
|
Активности - обуки за запознавање со Резолуцијата 1325 и други меѓународни документи за преставници/чки од граѓанските организации од локалните заедници на Р. Македонија (2004- 2005)
|
|
Семинар : “Институционални мехнизими за постигнување на родовата рамноправност во Р.Македонија” 4-5 и 6 Јуни 2004 год. Хотел Дрим Струга
|
|
Обука: Ненасилна разработка на конфликти и изградба на мирот - креативен пристап кон конфликтите и вештини на ненасилната комуникација ( 2004) СЕМИНАР: Мир во себе - Мир со сите
|
|
Семинар: “Медиумите ваш партнер во контакти со јавноста 2”
|
|
Семинар: “Медиумите ваш партнер во контакт со јавноста 1”
|
|
Семинар: “Мрежи и умрежување”
|
|
Семинар: “Ако жените добиваат кој губи”
|
|
Семинар: “Родови предизвици - феминизмот како политика и определба”
|
|
Циклус од 4 семинари “Повеке жени во власта”(2001)
|
|
Иницијативи и активности за унапредување и заштита на женските човекови права во локалните заедници на Р. Македонија |
|
МУЛТИЕТНИЧКИ РАБОТИЛНИЦИ: одржани 1.200 работилници со над 19.000 учеснички
|
|
ТРКАЛЕЗНИ МАСИ: Организирани 63 тркалезни маси со 2120 учеснички воведување на институционални механизми и афирмативни мерки - за унапредување на демократските процеси, човековите/женските права и родовата рамноправност
|
|
ТРИБИНИ: Одржани 89 Трибини со 4387учесници/чки на теми од женските човекови права и рамноправното учеството на жените во донесување на политички одлуки и активна партиципација во развојот на заедницата
|
|
КОНФЕРЕНЦИИ И ПАНЕЛИ: Одржани 28 национални и локални конференции и панели за унапредување на женските човекови права, демократските процеси и постигнување на родовата рамноправност со 1.576 учесници/чки
|
|
Национална Конференција “Жените во политиката” (2004)
|
|
Организирани конференции во 10 локални заедници со 808 учесници на тема: Зголемувањето на бројот на жени во политиката и раководни позиции (ноември - декември 2004)
|
|
Национална конференција: ,,Достигнување и предизвици на женското организирање и делување во Македонија( 2002)
|
|
Активизам за елиминирање на родовото и семејното насилство |
|
Насилство врз жените и семејното насилство
|
|
Предизборни активности за унапредување на граѓанските и политички права на жените |
|
Активности за искоренување на феноменот на семејно гласање и гласање во име на друг
|
|
Организирани 7 панели-дискусии со 60 кандидатки од изборните листи на политичките партии и женското гласачко тело во 7 локални заедници на Р. Македонија ( 2005)
|
|
Активности за поддршка на руралните жени за правилно и самостојно - демократско искористување на правото на глас - Парламентарни избори 2006
|
|
Едукација на 58.541жени со право на глас со пристап “Врата до Врата” во 188 рурални средини на Р.Македонија( 2002-2004)
|
|
Нашиот глас одлучува Едукација на 22.894 жени со пристап “Врата до врата” за освестување за женските и политичките права
|
|
Родовата рамноправност во локалната самоуправа - влијание за зајакнување и подобрување на работата на родовите комисии |
|
Активности и влијание за инплементација / подобрување на институционалните механизми за постигнување на родовата рамноправност
|
|
Јавно застапување за донесување на иституционални механизми за постигнувањето на родовата рамноправност во Р. Македонија
|
|
|
|
|
|