Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“
Датум: 
 
 

Во периодот од 30 декември 2011 до 28 февруари 2013 година, ЖГИ АНТИКО го спроведува проектот „Жените Ромки тоа го можат“ кој има за цел да даде одговор на потребата за ефикасен и континуиран пристап во градеењето на едуцирана и зајакната женска инфраструктура во рамките на ромските политичките партии. Aктивностите реализирани во периодот од 30 декември 2011 до 31 мај 2012 година се поддржани од Институт Отворено Општество од Будимпешта (Иницијатива за зајакнување на жените Ромки) и се насочени кон зајакнување на женскиот идентит и моќ - зголемување на самосвеста, самодовербата и мотивацијата за активно учество во јавниот и политичкиот живот; зголемување на политичко управувачките знаења, вештини и способности; градење на капацитетите на жените Ромки за идентификување на родовите прашања и спроведување на јавни акции во заедницата.

Во рамките на проектот (врз основа на моделот даден во програмата Жените тоа го можат од Норвешката Лабуристичка партија) ќе бидат обучени 50 млади жени Ромки, членки на политички партии и активни жени во заедницата и студентки кои имаат интерес да се вклучат во политичките процеси во земјава. Стекнатите знаења и вештини понатаму тие ќе ги применат во нивните политички партии и во заедницата преку јавни акции фокусирани на конкретни проблеми. На овој начин обучените активистки и понатаму ќе ги развиваат способностите за лобирање, јавно застапување, анимирање на истомислениците и создавање на нови женски мрежи /сојузници кои ќе работат на изнаоѓање на институционални решенија и механизми Со имплементацијата на проектот „Жените Ромки тоа го можат“, АНТИКО очекува да даде придонес кон отворањето на нови можности и перспективи во зголемување на јавниот активизам и политичката партиципација на жените Ромки. Во овој контекст, сите наши заложби се да им помогнеме на жените Ромки и ромските политички партии да имаат едуцирана женска инфраструктура, чиј активизам и влијание ќе бидат видливи во заедницата од аспект на надминување на проблемите и учество на жените во донесувањето на одлуки. Во периодот од 1 септември 2012 година до 28 февруари 2013 година, проектните активности беа поддржани од страна на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Женева.

Целта на овие активности е да се даде придонес кон зголемувањето на бројот на жени Ромки во јавниот и политичкиот живот во Република Македонија и континуиран пристап во градењето на едуцирана и зајакната женска инфраструктура во рамките на ромските политичките партии. Во рамките на овој проект активностите се планирани на начин којшто овозможува продолжување на проектот „Жените Ромки тоа го можат“, како и надградување и одржување на програмата „Жените тоа го можат“, односно нејзин премин во една понапредна фаза. Aктивностите се насочени кон зајакнување на женскиот идентит и моќ - зголемување на политичко управувачките знаења, вештини и способности, зголемување на самодовербата и мотивацијата за активно учество во јавниот и политичкиот живот; зголемување на знаењата и способностите на целната група за идентификување на родовите прашања и вклучување на родовата димензија во јавниот и политичкиот активизам на жените Ромки (Родова едукација на мажи и жени) и спроведување на јавни акции во заедницата. Во рамките на проектот предвидено е да бидат опфатени млади Роми (мажи и жени), претставници на ромски политички партии, активисти и студенти кои се заинтересирани активно да се вклучат во јавниот и политичкиот живот на заедницата. со коишто ќе се работи на родова едукација и политичко јакнење, се со цел меѓусебно да се поврзат и да создадат услови за младите жени Ромки да ги реализираат своите идеи и активности во заедниците на полето на политиката.

Стекнатите знаења и вештини понатаму тие ќе ги применат во нивните политички партии и во заедницата преку јавни акции фокусирани на конкретни проблеми. Преку овој тип на активности, обучените активисти (жени и мажи) ќе ги развијат способностите за лобирање, јавно застапување, анимирање на истомислениците или создавање на нови женски мрежи /и сојузници. На крајот од проектот очекуваме отворање на нови можности и перспективи во зголемување на јавниот активизам и политичката партиципација на жените Ромки. Во овој контекст, сите наши заложби се да им помогнеме на жените Ромки и ромските политички партии да имаат едуцирана женска инфраструктура, чиј активизам и влијание ќе бидат видливи во заедницата од аспект на надминување на проблемите и учество на жените во донесувањето на одлуки.

 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ
 
 
 
- Родова рамноправност во локалната заедница - проект во соработка со GFW
- Кампања: Мобинг, информирај се и препознај го!
www.mobbingnet.org
04.7.2009 - Хотел Александар Палас Скопје,
Меѓународна Конференција,, Мир и безбедност,-феминистичка алтернатива- Антико 10 Години во промоцијата на културата мирот и ненасилството преку општествено вклучување на жените,,
29.11.2010 - Школа за Мултикултурализам
- Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
- Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas
- Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“
- Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост
20.12.2013 - Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
30.4.2015 - Економско јакнење на жени во две општини
20.1.2016 - Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот
18.1.2016 - Здружени сили за заеднички интереси
01.1.2017 - Институционален грант Цивика Мобилитас
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.