Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
недела, 13 октомври 2024
Кампања: Мобинг, информирај се и препознај го!
www.mobbingnet.org

Датум: 
 
 

Градење на прва мрежа на генерација на здруженија на граѓани за застапување на правата на жртвите на мобинг http://www.mobbingnet.org

Женската Граѓанска Иницијатива Антико, во партнерство со Центарот за пермакултура и мироградба – Штип (носител на проектот), АДРР Сонце од Тетово и Милениум - Врапчиште, спроведуваат кампања во рамките на 12 месечниот проект:  Мобинг, информирај се и препознај го! - финансиран од Европската Унија(EDIHR/2008). Главната цел на кампањата е да се подигне јавната свест за постоењето и препознавањето на мобингот - како психолошко насилство на работното место.

Целите и активностите на кампањата се насочени кон информирање, подигање на свеста кај вработените, работодавачите, невработените, младите, граѓанските организации, трудовата испекција, психолози, психијатри, лекари, правници, преставници на министерствата, локалната самоуправа, политичките партии и други релевантни институции и структури на локално и национално ниво кои директно или индиректно можат да влијаат на препознавањето и надминувањето на овој феномен, кој ги прекршува човековите права.

Фокусот на вниманието на ЖГИ Антико во рамките на оваа кампања е насочен кон подигнување на јавната свест и давање на видливост за постоење на мобингот на работното место гледан од родов аспект - како последица на родовата припадност, а и сексуалното вознемирување на жените на работното место.

Активности кои се реализираат во рамките на кампањата се: печатење и дистриубирање на информативни, едукативни и промотивни материјали, до сите оние кои можат да бидат потенцијални жртви на мобингот (мобирани) или, пак, тие кои вршат психолошко насилство на работно место кон други лица (мобери).

Освен дистрибуцијата на печатените материјали се реализира и медиумска кампања во електронските медиуми – преку емитување на ТВ Спот на националната телевизија (ТВ Канал 5), а отворена е и веб страница http://www.mobbingnet.org/, преку која заинтересираните лица и граѓанските организации ќе можат да добијат повеќе информации, а истовремено доколку се заинтересирани да бидат и членови на мрежата можат да го сторат тоа преку аплицирање. Во рамките на овој проект отворени се и 4 информативни телефонски линии во: Штип, Скопје, Тетово и Врапчиште.

Други активности во рамките на кампањата се одржување на 8 тркалезни маси и јавни дебати во локалните заедници на Република Македонија со учество на претставници од невладини и владини структури, работодавачи, вработени, експерти, претставници на синдикати, политички партии и други релевантни институции и структури.

Освен подигањето на јавната свест на граѓаните и релеватните актери во заедницата, една од главните цели на проектот е обезбедување на одржливост преку градење на Мрежа на прва генерација на здруженија на граѓани кои ќе ги застапуваат правата на жртвите на мобинг.

Активностите во оваа област се насочени кон јакнење на индивидуалните капацитети на граѓанските организации кои работат во областа на заштитата на човековите права, со цел да се изгради ефективна мрежа која ќе даде придонес за превентивното делување на заштита на жртвите и намалување на дискриминаторските односи и практики на работното место. Во овој сегмент на проектот, паралелно со другите активности се организираат и одржуваат континуирани обуки, размена на искуства, прибирање и анализа на податоци и добри пракси.

Носителот на проектот ППЦ - Штип е една од првите граѓански организации во Република Македонија кои се занимаваат со оваа проблематика. ЖГИ Антико како рамноправна партнер организација, која го реализира овој проект и сака да даде придонес за запознавање на својата целна група со оваа проблематика и да го зголеми превентивното влијание и заштитата на женските човекови права на работно место. Освен тоа, овој проект дава придонес и во зајакнувањето на капацитетите на НВО мрежата на ЖГИ Антико (18 женски НВО-и) во локалните заедници на Република Македонија, кои активно ќе се вклучат во реализирањето на кампањата и делењето на информативните, едукативни и промотивни материјали во локалните заедниците на Република Македонија. Повеке информации за проблематиката на мобингот, активностите на проектот и кампањата прочитајте на отворената интернет страница: http://www.mobbingnet.org

 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ
 
 
 
- Родова рамноправност во локалната заедница - проект во соработка со GFW
- Кампања: Мобинг, информирај се и препознај го!
www.mobbingnet.org
04.7.2009 - Хотел Александар Палас Скопје,
Меѓународна Конференција,, Мир и безбедност,-феминистичка алтернатива- Антико 10 Години во промоцијата на културата мирот и ненасилството преку општествено вклучување на жените,,
29.11.2010 - Школа за Мултикултурализам
- Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
- Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas
- Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“
- Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост
20.12.2013 - Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
30.4.2015 - Економско јакнење на жени во две општини
20.1.2016 - Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот
18.1.2016 - Здружени сили за заеднички интереси
01.1.2017 - Институционален грант Цивика Мобилитас
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.