,,Преку едукација и зајакнување кон социјално влклучување и активно граѓанство,, е новиот проект на Антико кој почна да се реализира од 01.05.2008 паралелно во 4 рурални Единици на локалната самоуправа на Р. Македонија: Липково, Могила, Теарце и Крушево. Проектот се реализираше во 3 фази во соработка и финансиска поддршка на UN Women - Канцеларија Скопје.
Во пеиод мај – август 2009, околу двестотини ( 200) од етничките малцинства од 16 села, од горенаведените општини поминаа по 2 циклуса на вкупно 32 одржани работилници каде се обработуваа теми и активности базирани на човековите /женските, родовите концепти со примена на интерактивни пристапи, искуствено учење (Едукација, поддршка,промоција)-кои дадоа придонес за јакнење на женскиот идентит и мок за препознавање на проблемите и потребите во заедницата индивидуално ниво- родов аспект , на ниво на групата и во ниво на заедница. Како резултат на спроведените која резултираше со составување на локални акциски планови со повекебројни активности за давање на јавност и решавање на идентификуваните проблеми и потреби. Локалните акции се последовалтелни активности иницирани и спроведени од страна на целната група учеснички на работиилниците и тренизите ра дова едукација.
По успешното реализирање на првата фаза на проектот од 2009 – та година и со иницијатива на UN WOMEN, на обострано задоволство донесовме одлука да ја продолжиме соработката и во текот на 2010/2011 – та година. ЖГИ Антико во месец мај започна со реализацијата на втората фаза на овој проект. Со целна група рурални жени од етничките малцинства во текот на месец мај се спроведе првата фаза на проектот – прибирање на информации од страна на локалните координаторки во однос на фактичката состојба на положбата на руралните жени, како и таргетирање на нивните приоритетни проблеми и потреби. Во јули, пак, започна реализацијата на првиот циклус од 16 работилници за првата група на учеснички.
Во перидот од јули 2011 до април 2012 година Женската граѓанска иницијатива АНТИКО во општините Теарце и Крушево ја имплементира и реализира третата фаза на проектот. Од јули 2011 до април 2012, во општините Теарце и Крушево, ЖГИ Антико ќе се фокусира на зголемување на активизмот и иницијативноста на жените од различни етнички заедници и нивно активно вклучување во социо-економскиот и политичкиот живот на заедницата. Во насока на постигнување на предвидените цели, проектот ги вклучува следниве активности: два циклуси на едукативни работилници за во кои вкупно се вклучени 117 жени од немнозинските заедници во руралните средини, реализација на локални акции од страна на целните групи, организирање на студиски посети во земјата и регионот за размена на искуства и позитивни практики, како и редовни работни состаноци и јавно застапување и соработка со локалната самоуправа и другите засегнати страни во заедницата.
Градењето на капацитетите на целните групи за граѓански активизам и за економско вклучување е клучен фактор за имплементација на предвидените јавни акции во заедниците и влијание на женските групи во процесите на одлучување во локалните заедници. На крајот од проектот очекуваме зголемени знаења и вештини на жените за застапување на женските прашања во заедниците, влијание во креирањето и имплементацијата на родово сензитивни политики во ниво на општината, вмрежување на женските групи, мобилизирање на потенцијалните ресурси, подобрување на потенцијалот и способностите на жените за активно учество на пазарот на трудот и промовирање на нивните вештини како можност за економско зајакнување, добивање на знаења, вечтини и способности за започнување на сопствен бизнис.
|