Имплементирана од страна на – ЦИРа и финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (SDC) Планираните цели и активности на овој тригодишен проект кој поцна со реализација 2010 год. се насочени кон ефективно реализирање на проеектните активности на постоечките четири програмски подрачја на делување на АНТИКО, Имплементацијата на програмата преставува континуитет во зајакнувањето на организациските и институционалните капацитети на извршната канцеларија и на мрежата на АНТИКО, односно за развојот на капацитетите и ресурсите на индивидуалните членки на мрежата - Г.О. кои работат на локално ниво.
Овој проект истовремено создава оптимални можности за реализирање на голем дел програмските содржини ип роектните активности планирани во годишната програма на Антико за 2012 година Во рамките на програмата за 2012 год. АНТИКО ќе работи на: - инкорпорирање на родовата перспектива во политиките и програмите на институциите, ЕЛС, политичките партиии (лобирање и застапување за унапредување на законската регулатива, спроведување на анализи и истражувања, зајакнување на капацитетите на членките/овите на политичките партии, членовите на Комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, локалната администрација и други клучни актери во заедниците) - зголемување на родовата свесност и капацитетите на претставниците од релевантните институции за препознавање на родовите прашања и потреби - политичко зајакнување на жените од различни ентитети за активно учество во политичките процеси и структурите на одлучување - социјална инклузија и поттикнување на активизмот кај жените од руралните средини и маргинализираните групи на жени - придонес кон градењето на мирот преку промоција на ненасилството, мултиетничката соработка и афирмација на родовата ( феминистичка) идеологија и политика, во локални и глобални рамки, како и промовирање и имплементација на Резолуцијата на ОН 1325 - подигање на јавната свест за превенција и заштита од родово базираното насилство, вклучувајќи и сензибилизирање на младата популација преку формирање на позитивни ставови за родовите улоги и концепти, елиминирање на родовите предрасуди и стереотипи и почитување на човековите права и слободи - развој на волонтерската пракса, како можност за младите да се едуцираат, да стекнат нови знаења, искуства и способности корисни за нивниот понатамошен професионален и општествен ангажман
|