На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thonза зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.
Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни
Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests,,ЖГИ АНТИКО Скопје учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...
На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.
На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.
Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.
Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.
Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.
Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.
Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.
Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.
Подготовка на нацрт акциски план за економско јакнење на жените во Општина Битола - 06.11.2015
ЖГИ АНТИКО во соработка со Комисијата за еднакви можности од Општина Битола, одржа работилници на тема „Подготовка на нацрт акциски план за економско јакнење на жените во Општина Битола“, на 03, 04 и 05 ноември, 2015 година. Во работилницата учество земаа 26 учесници - Претседателката на Советот на Општината, на Родовата комисија и Комисијата за буџет и финансии; Координаторката на Комисијата за еднакви можности; Советнички/ци од релевантните комисии; претставник од АВРМ Битола; претставници од ГО; жени претприемнички од Битола; невработени жен ......
Подготовка на нацрт акциски план за економско јакнење на жените во Општина Кичево - 30.10.2015
АНТИКО во соработка со Комисијата за еднакви можности на Општина Кичево, на 28, 29 и 30 октомври, организира работилници за подготовка на Нацрт акционен план за економско јакнење на жените во Општина Кичево. Во процесот на изработка на акцискиот план учествуват 30 учесник/чки - Советнички/ци, преседатели/ки на општински комиси, преставници од граѓански сектор, Агенцијата за вработување - Кичево, Регионалната стопанската комора, бизнис секторот, невработени жени и други засегнати страни од Кичево.
Овие работилници се имплементираат во рамки ......
Како до родово одговорно креирање политики и буџетирање за органите на локалната самоуправа? Обука за јакнење на капацитетите на ГО и ЕЛС во Битола - 23.9.2015
Во рамките на проектот „Економско јакнење на жени“ во периодот 21-23.09.2015, х. Милениум во Битола, беше реализиран вториот циклус на обуки кој ги покриваша темите поврзани со родово одговорно креирање политики и буџетирање за органите на локалната самоуправа. На 16те претставници на граѓанските прганизации и локалната самоуправа им беше презентирано како може да се вклучи родовата перспектива во главните текови, на национално и локално ниво, кои се влезни точки на родово одговорно буџетирање во циклусот на креирање на политики ......