Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
понеделник, 09 декември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
Втор циклус обуки за ГО и ЕЛС во Кичево: Проценка на влијанието на регулативата - 19.9.2015

На 18.09.2015 година, во општинската сала на Советот на општина Кичево, беше реализиран вториот циклус на обуки за претставници на граѓански организации и локалната самоуправа за јакнење на капацитетите за креирање и имплементирање на родово сензитивни политики. Со оваа обука беше поктиена темата проценка на влијанието на регулативата, и на неа присуствуваат 16 учесници од ГО и ЕЛС. Во рамките на оваа обука беа опфатени темите Улогата на регулативите и ризиците од лошо подготвената регулатива, Спроведување на ПВР Дефинирање на проблемот и ут ......

 
Обука за јакнење на капацитеите на ГО и ЕЛС во Битола - Проценка на влијанието на регулативата - 17.9.2015

На 17.09.2015 година, во хотел Милениум во Битола, ЖГИ АНТИКО го реализира првиот циклус на обуки за јакнење на капацитетите на претставици на граѓанските организации и единиците на локална самоуправа за креирање и имплементирање на родово сензитивни политики. Првиот циклус на обуки се однесуваше на проценка на влијанието на регулативата и беше посетена од 16 претставници на граѓански организации и локалната самоуправа на Битола. Во рамките на оваа обука, учесниците беа воведени во Улогата на регулативите и ризиците од лошо подготвената регу ......

 
Повик за слободно работно место координатор/ка на проект - 15.9.2015

 Женска граѓанска Иницијатива АНТИКО е мрежа на локални организации кои работи на промоција на културата на мирот и ненасилството, човековите/женски права и еднаквите можности. ЖГИ АНТИКО ги повикува сите заинтересирани да се пријават на позиција

1.Проект Координатор/ка

Проект координаторката во оваа позиција одговара на менаџментот и ги има следните должности:

• Учество во процесот на планирање и развој на оперативен план за делување.

• Обезбедува спроведување на проектните активности/ ко ......

 
Претставници на ГО и ЕЛС од Кичево се запознаа со родово одговорно креирање политики и буџетирање - 12.9.2015

Во периодот 09-11.09.2015 година, во општинската сала на Советот на општина Кичево, во рамкте на проекот „Економско јакнење на жени во две општини“ беше реализиран првиот циклус на обуки за јакнење на капацитетите на претставици на граѓанските организации и единиците на локална самоуправа за креирање и имплементирање на родово сензитивни политики. Првиот циклус на обуки се однесуваше на родово одговорно креирање политики и буџетирање за органите на локалната самоуправа. На обуката прсуствуваа 17 претставници на граѓански органи ......

 
СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ! - 19.8.2015

ПОВИК ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, МЕДИУМИТЕ, ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРАЃАНИТЕ:

СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ !

Дел од медиумите вчера, на 18.08.2015, ја актуелизираа приказната за суровата животна приказна на 52-годишната тетовчанка, Нина Диму. Нина Диму, веќе 15 години е практично бездомничка, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба, која поради неухранетоста и отсуството на соодветна здравствена нега, состојбата постојано и се влошува.

Диму, живее сама е и социјален случ ......

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.