|
|
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018
На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.
Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни |
|
|
|
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018
Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ... |
|
|
|
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018
На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.
На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS. |
|
|
|
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018
Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.
Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.
Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS. |
|
|
|
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018
Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.
Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.
Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Истражување за можностите и бариерите на вклученоста на жените во пазарот на трудот во општините Кичево и Битола - 15.6.2015 |
ЖГИ АНТИКО започна со спроведување на Истражување за можностите и бариерите на вклученоста на жените во пазарот на трудот во општините Битола и Кичево. Главнта цел на истражувањето е утврдување на фактичката состојба на социо-економските услови и перцепциите на жените и засегнатите страни за родовата рамноправност – можностите и бариерите за вклученоста на жените во пазарот на трудот во Битола и Кичево.
Во процесот на спроведувањето на истажувањето ќе бидат консултирани главните целни групи, релевантни претставници на единиците на л ......
|
|
Средба со претставници на ЕЛС Кичево - 05.6.2015 |
На ден 04.06.2015, тимот на ЖГИ АНТИКО, реализира состанок со дел од советниците во Советот на Општина Кичево, Координаторката за еднакви можности на мажите и жените како и со други релевантни претставници на локалната самоуправа. На состанокот беше презентиран проектот „Економско јакнење на жени во две општини“ кој се имплементира од страна на АНТИКО со поддршка од Британската Амбасада, и беа разгледани можностите за соработка и за активно вклучување на ЕЛС Кичево во имплементацијата на проектот.
По дискусијата беше донесен заклучок ......
|
|
Средба со Претседателката на Советот на општина Битола - 22.5.2015 |
На 21.05.2015 година, претставници на тимот на ЖГИ АНТИКО, одржаа состанок со Претседателката на Советот на општина Битола, г-ѓа Силвана Ангелевска. Состанокот беше организиран со цел презентирање на проектот „Економско јакнење на жени во две општини“ кој го имплементира АНТИКО со поддршка од Британската Амбасада. Беа објаснети целите, активностите и очекуваните резултати од проектот, и беа дискутирани можностите за активно вклучување и поддршка на активностите од страна на општина Битола.
Претседателката истакна дека општина Битола ......
|
|
Економско јакнење на жени во две општини - 16.4.2015 |
Од април 2015 година, ЖГИ АНТИКО започна со имплементација на проектот „Економско јакнење на жени во две општини“ кој финансиски е поддржан од страна на Британската Амбасада во Македонија. Главната цел на проектот е дизајнирање на модел и пилотирање на партиципативен пристап базиран на докази во креирањето на ефективни родово политики за економско јакнење на жени. Проектните активности се спроведуваат во општините Битола и Кичево како мултиетнички општини кои во рамките на својата територија вклучуваат рурални и урбани средини. Проектот ќе ......
|
|
Национална конференција посветена на одбележување на 20 години од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција - 06.3.2015 |
На 6ти март 2015 год., во Холидеј Ин, беше организирана Национална конференција за одбележување 20 години од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција. Конференцијата го носеше глобалното мото „Јакнење на жените – јакнење на човештвото, претставете си“ под кое ООН, заедно со земјите членки ширум светот организираат настани по повод одбележување на одржувањето на светската конференција посветена на правата на жените во 1995 година во Пекинг. Конференцијата имаше за цел да не потсети на визијата и целите к ......
|
|
|
|