Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
сабота, 21 декември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
Жените од Теарце учат како да лобираат и ги зајакнуваат своите комуникациски вештини - 04.11.2011
На 2-ри и 3-ти ноември во општина Теарце во рамките на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство“ беа организирани и одржани работилници со цел зајакнување на капацитетите на жените за активно учество во заедницата, застапување и вмрежување. На работилницата учествуваа 18 жени од с. Непроштено, Слатино, Теарце, Пршовце, Глоѓи, Доброште, Нераште и Одри.
 
Фацилитаторката Ѓунер Небиу преку презентации и практични вежби на учесничките на рабо ......
 
Жените од општина Илинден задоволни од состојбите со родовата рамноправност во нивната општина - 04.11.2011
На 06.09.2011 и 03.11.2011 година беше реализиран циклус од 4 едукативни работилници во општина Илинден, со претставнички од Комисијата за еднакви можности, локалната администрација и претставници од основните училишта, со цел зголемување на свеста, вештините и капацитетите на учесниците за препознавање на родовите потреби и нивна практична имплементација.
 
Дискусиите за време на& ......
 
Работни средби помеѓу локалните тимови, жените од руралните средини и градоначалниците на општините Теарце и Крушево - 02.11.2011
Жените од руралните средини( нашите целни групи) од Крушево и Теарце ги одржаа првите работни средби со претставниците на локалната самоуправа предвидени во рамките на тригодишниот ппроект „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ . Средбата со градоначалникот на општина Теарце г-дин Исен Асани, се одржа на 26.10.2011 во просториите на општината. Учество земаа жените кои се вклучени во проектните активности, локалниот тим, претставнички од АНТИКО и UN Women, како и членки на Комисијата за еднакви можности при советот на општината. На 01.11.2011 во просториите на општина Крушево, претставнички на жените од руралните средини вклучени во проектните активности имаа работна средба со градоначалнико ......
 
Работна средба со градоначалникот во општина Крушево - 02.11.2011

На 01.11.2011 во просториите на општина Крушево, претставнички на жените од руралните средини вклучени во проектните активности имаа работна средба со градоначалникот на општина Крушево, г-дин Василчо Дамчески. На средбата присуствуваа и претставнички од ЖГИ Антико, локалниот тим и претседaтелката на Комисијата за еднакви можности при советот на општината. Градоначалникот накратко беше запознат со целите и планираните активности на третата ......

 
Зголемен јавниот активизам на жените од руралните средини од општина Крушево - 31.10.2011

Во рамки на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ на 15-ти, 16-ти, 29-ти и 30-ти октомври во Крушево беше одржан првиот циклус на работилници предвидени со овој проект. Тренинг работилниците беа организирани од страна на локалниот тим на ЖГИ Антико, а фацилитирани од страна на Даница Јованова на теми кои ќе ги подобрат вештините и знаењата на жените за активна партиципација во заедницата и вклучување во општествениот живот.

На работилници ......

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.