Во рамки на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ на 15-ти, 16-ти, 29-ти и 30-ти октомври во Крушево беше одржан првиот циклус на работилници предвидени со овој проект. Тренинг работилниците беа организирани од страна на локалниот тим на ЖГИ Антико, а фацилитирани од страна на Даница Јованова на теми кои ќе ги подобрат вештините и знаењата на жените за активна партиципација во заедницата и вклучување во општествениот живот.
На работилниците учествуваа 24 жени од Крушево, Јакреново, Борино, Саждево, Лажани и Острилци. Целта на овие работилници е да се зајакнат капацитетите на жените од руралните средини од етничките малцинства за застапување на родовите прашања во заедниците, организирање во неформална група, односно вмрежување помеѓу женските групи во заедниците и мобилизација на потенцијалните ресурси за преземање на конкретни акции.
Со здобиеното искуство и стекнатото знаење особено од работилницата за лобирање и јавно застапување, жените од општина Крушево ќе се оспособат да ги идентификуваат проблемите, да одредат кои од нив се приоритетни, да изнајдат соодветни решенија за истите, а воедно и да побараат помош и поддршка од локалните власти.