Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.
Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.
Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.
|