Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
среда, 14 ноември 2018
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
Датум: 12.06.2018
 

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни полиња на општественото живеење (уметност, наука, бизнис, борки за женски, социјални, општествени права...), посебно жени за кои не може да се најдат податоци така лесно. Период кој е во фокус е од втората половина на 19ти век, до првата половина на 20ти век, но оставаме и поширока временска рамка да се вклучат содржини – за истакнати жени или настани, кои не се видливи во онлајн просторот.

Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа: а) статии за жени за кои нема статија на Википедија (или е многу оскудна), чија содржина ќе биде искреирана врз база на стручна литература и сигурни и веродостојни извори; б) преводи на веќе постоечки статии за жени на Википедија од англиски (или друг јазик) на македонски јазик.

Сите заинтересирани млади лица, студенти и млади активисти кои сакаат да придонесат за намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во онлајн Википедија енциклопедијата на македонски јазик.  За нивното учество ќе добијат сертификат од Шведската амбасада дека земале учество во настанот.

Доколку сакате да бидете дел од оваа иницијатива, ве покануваме да се регистирате на следниот линк до недела, 17ти јуни: https://goo.gl/forms/q0cDTuJKiPU6gm5G2

По потврдата за учество и пред настанот, волонтерите ќе треба да се регистрираат на Википедија како уредувачи (доколку немаат веќе кориснички профил), најдоцна до еден ден пред самиот настан.

Бројот на учесници ќе биде ограничен според можностите кои ги нуди просторот во Јавна соба.

 
 
 
12.06.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.05.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.05.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.04.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.03.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.01.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.01.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.