На 2-ри и 3-ти ноември во општина Теарце во рамките на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство“ беа организирани и одржани работилници со цел зајакнување на капацитетите на жените за активно учество во заедницата, застапување и вмрежување. На работилницата учествуваа 18 жени од с. Непроштено, Слатино, Теарце, Пршовце, Глоѓи, Доброште, Нераште и Одри.
Фацилитаторката Ѓунер Небиу преку презентации и практични вежби на учесничките на работилниците им прикажа како изгледа вмрежувањето и кои се предностите доколку жените организирано бараат решение за своите приоритетни проблеми.Дискусиите придонесоа жените
да разменат искуства и позитивни пример и да поразговараат околу можностите за практична имплементација на стекнатите знаења.
Одржаните работилници ги зголемија знаењата и капацитетите на жените во однос на темите кои беа опфатени со што може да се креира поволна средина за разменување на искуства и одржлива соработка на локалните актери и жените од руралните средини кои припаѓаат на малцинските заедници во решавање на нивните потреби, планирање на локалниот развој и одлучувањето и процесите на родово буџетирање.
|