Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
понеделник, 09 декември 2024
Работна средба со градоначалникот во општина Крушево
Датум: 02.11.2011
 

На 01.11.2011 во просториите на општина Крушево, претставнички на жените од руралните средини вклучени во проектните активности имаа работна средба со градоначалникот на општина Крушево, г-дин Василчо Дамчески. На средбата присуствуваа и претставнички од ЖГИ Антико, локалниот тим и претседaтелката на Комисијата за еднакви можности при советот на општината. Градоначалникот накратко беше запознат со целите и планираните активности на третата фаза на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“, но и со постоечките проблеми кои во текот на реализацијата на првиот циклус работилници беа идентификувани од страна на жените. Тој нагласи дека општината е отворена за соработка и дека вложува напори да одговори на потребите на граѓаните, така што барањата на жените ќе бидат земени предвид како и во досегашната пракса. Исто така, градоначалникот истакна дека во голем дел проблемите му се познати и дека комуникацијата на жените со локалната самоуправа мора да биде континуирана заради консултации, размена на информации и предлози од аспект на изнаоѓање адекватни решенија за постоечките проблеми.  

Инаку, проблемите за кои стана збор и на кои ќе им се посвети повеќе внимание во наредниот период со цел подобрување на квалитетот на животот на жените од руралните подрачја во општината се однесуваат на: олеснување на пристапот до образование за девојчињата и подобрување на условите во училиштата, отворање на претшколски установи и изнаоѓање адекватни решенија за социјализација и образование на децата со посебни потреби, со што на мајките ќе им се помогне од аспект на усогласување на нивните обврски во семејството со работните обврски, намалување на невработеноста на жените, подобрување на пристапот на жените до услугите и сервисите за здравствена заштита.

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.