ПОВИК ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, МЕДИУМИТЕ, ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРАЃАНИТЕ:
СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ !
Дел од медиумите вчера, на 18.08.2015, ја актуелизираа приказната за суровата животна приказна на 52-годишната тетовчанка, Нина Диму. Нина Диму, веќе 15 години е практично бездомничка, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба, која поради неухранетоста и отсуството на соодветна здравствена нега, состојбата постојано и се влошува.
Диму, живее сама е и социјален случај чие здравје и способност особено се нарушило по 2013 г. кога претрпела сообраќајна несреќа. До сега била оставена на милоста на нејзините соседи кои се грижеле за неа се до пред некој ден кога таа паднала во бессознание и нивната грижа веќе не e доволна. Таа е оставена сосема сама во мизерни и ужасни нехиенски услови да се бори за својот живот.
Овој случај, претставува грубо кршење на основните човекови права на здравствена заштита која на граѓаните и граѓанките на Република Македонија им е уставно загарантирано.
Затоа, ги повикуваме сите надлежни институции во државата , да превземат итни мерки, и да обезбедат здравствена заштита и услови за достоинствен и безбеден живот на оваа несреќна жена, бидејќи со вакво однесување, нејзе и е прекршено и скратено правото на социјална и здравствена заштита и сигурност, која државата им го гарантира на сите свои граѓани/ки . Истовремено, ги повикуваме и бараме поддршка од сите граѓански организации, медиуми и граѓани да се приклучат на акцијата за заштити оваа жена и сите други граѓани/ки во ваква ситуација.
БАРАЊЕ ДО НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ:
1. ИТНО ЗГРИЖУВАЊЕ НА НИНА ДИМУ ВО СООДВЕТНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА КАДЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ДОБИЕ ПОТРЕБНАТА ЗДРАВСТВЕНА НЕГА ДО НЕЈЗИНОТО ЦЕЛОСНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ.
2. АЖУРНОСТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЖБИ ВО ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА ИДНИ МЕРКИ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА НИНА ДИМУ ВО СООДВЕТНА УСТАНОВА КАДЕ ЌЕ И СЕ ПРУЖИ ОСНОВНИ И ДОСТОИНСТВЕНИ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ.
Со почит,
Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
|