Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Повик за слободно работно место координатор/ка на проект
Датум: 15.9.2015
 

 Женска граѓанска Иницијатива АНТИКО е мрежа на локални организации кои работи на промоција на културата на мирот и ненасилството, човековите/женски права и еднаквите можности. ЖГИ АНТИКО ги повикува сите заинтересирани да се пријават на позиција

1.Проект Координатор/ка

Проект координаторката во оваа позиција одговара на менаџментот и ги има следните должности:

• Учество во процесот на планирање и развој на оперативен план за делување.

• Обезбедува спроведување на проектните активности/ компоненти

• Обезбедува постигнување на очекуваните резулатати како што е наведено во проектот.

• Обезбедува проектот да се спроведува во согласност со критериумите , политики и процедурите на организацијата, донаторот и важечките законски прописи

• Учествува во процесот на планирањето , мониторингот и евалуацијата

• Ефикасно комуницира и воспоставува соработка со целни групи и други засегнати страни, релевантни актери/институции на локално и централно ниво.

• Учествува во состаноците , оди на редовна теренска работа поврзана за поготовка , имплементацијата и следење на проектните активности

• Обезбедува соответен проток на информации, воспоставува ефикасна комуникација и координација на ниво на активности, ресурси и подизведувачи (subcontractors)

• Учествува во споведувањето на системите за мониторинг и евалуација

• Работи на промоцијата на проектот во медиумите и обезбедува соответен проток на информации

• Во соработка со персоналот работи на планирање на други проектни активности и воспоставување на партнерстава

• Во соработка со менаџментот работи на пишување на предлог проекти fundraising и јавно застапување.

• Развива извештаји за донатори/партнери со соответни барање и критериуми преку советодавна поддршка од проект/менаџерот

• Работно време 8 часа дневно

• Работно место: Извршна канцеларија на ЖГИ АНТИКО во Скопје

 

Знаења и вештини потребни за ова работна позиција

• Минимум 2 години работно искуство во граѓанскиот сектор, управување со проектен циклус, координација и менаџмент на проекти ;

• Одлично владеење со англискиот јазик ( писмен и устен)

• Одлично владеење на македонскиот јазик и писмо

• Предност е доколку се владее и албанскиот јазик и јазиците во Р.М.

• Напредно знаење на ИТ- способност за користење како алатка и ресурс;

• Силни комуникациски и интерперсонални вештини; спремност за работа во мултиетнички средина/ни ,

• Вештини за пишување на предлог проекти

• Адекватни презентерски вештини ,

• Ефикасно управување со времето, информиранос креативеност , флесибилност ,иницијативност

• Способност за работа под притисок и кратки рокови.

• Возачко искуство и спремност за патување

Доколку сакате да се пријавите, ве молиме испратете го вашето CV и мотивационо писмо на македонски јазик на следната е-пошта: contact@antiko.org.mk, најкасно до 20 Септември2015.Сите кандидати кои ќе влезат во вториот циклус ќе бидат информирани до 23 Септември.

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.