Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
недела, 13 октомври 2024
Школа за Мултикултурализам
Датум: 29.11.2010
 
 

Обуката „Школа за мултикултурализам“ беше одржана од 19 - 21 ноември 2010 година во хотел „Солферино“ во Струга. На оваа обука беа присутни младинци на возраст од 18 до 25 години, припадници на различни етнички групи (македонци, албанци, роми, турци, срби, хрвати).

Оваа школа е иницијатива и визија на ЖГИ „Антико“ за изградба на мултикултурно и мултиетничко општество во Република Македонија, каде ќе се почитуваат етничките и културните разлики, мирно ќе се разрешуваат конфликтите, а толеранцијата и меѓусебната соработка на луѓето ќе биде во насока на изградба на мирот во заедницата.

Како мултиетничка земја која долго време се бори со последиците од транзициските процеси кои негативно влијаат на социјалната, економската и политичката нестабилност на земјата, значајна алатка во ланецот на градење на меѓуетничките односи и мирот во заедницата се младите. Нивната меѓусебна слаба комуникција е еден од факторите за постоењето на етнички предрасуди и стереотипи помеѓу младите од различни етнички заедници, религии и култури. Поради тоа, се јавува потребата за реализирање на програми и обуки кои ќе ја поттикнат помладата популација да ги запознае различните култури, системи на вредности, како и постоечките сличности, но и прифаќање на различностите.

Целта на оваа обука е да се зајакнат и да се поврзат учесниците за идејата и вредностите на заедничкото добро за изградба на мирот и заедницата; да се стекнат со вештини на комуникација, справување со судир, планирање, тимска работа, соработка и мотивирање за понатамошна работа на личниот развој за изградба на мирот и заедницата. Позитивна практика од ваквата иницијатива ќе биде преминот од теорија во пракса на волонтерското учество во општеството, преиспитувањето и зајакнувањето на мотивацијата и посветеноста на поединецот и кохезија на групата активисти, како и искуството на поврзување на различни сектори и засегнати страни на локално ниво.

На последната обука „Школа за мултикултурализам“ која се одржа од 19 – 21 ноември 2010 година во хотел „Солферино“ во Струга учествуваа околу 20 – тина млади луѓе кои потекнуваат од различни мултиетнички средини и култури. Главните инструменти кои се користат за јакнење и активно вклучување во развојот на етничките заедници се искуственото учење, менторската поддршка и меѓусебното вмрежување. За оваа цел главните теми кои беа опфатени на обуката беа личниот идентитет, стереотипите, преговорите, медијацијата и лидерството во општествената работа.  

Преку оваа обука, заснована на три основни делови – личен развој, тимска работа и вклучување во заедницата – фацилитаторките, Хана Небиу и Ардита Зекири, со помош на презентации, практични вежби, употреба на визуелни средства и интеракција со учесниците создадоа позитивно чувство на еднаквост, толеранција и разбирање помеѓу учесниците.

Како резултат на оваа обука очекуваме младите да бидат мотивирани и оспособени за препознавање на потребите во мултиетничките заедници, генерирање на идеите за спроведување на активности кои ќе го подобрат квалитетот на животот и односите во заедницата на начин кој ќе ги вклучува граѓаните (нивното размислување и соработка) од различни етнички заедници, локалната самоуправа и други засегнати страни.

Покрај тоа, очекуваме дека некој од младите со оваа основна обука ќе биде мотивиран да пронајде можност за понатамошна работа врз себе и своите вештини и за долгорочна организирана работа за развој на мултикултурализмот и изградбата на мирот во заедницата.  

 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ
 
 
 
- Родова рамноправност во локалната заедница - проект во соработка со GFW
- Кампања: Мобинг, информирај се и препознај го!
www.mobbingnet.org
04.7.2009 - Хотел Александар Палас Скопје,
Меѓународна Конференција,, Мир и безбедност,-феминистичка алтернатива- Антико 10 Години во промоцијата на културата мирот и ненасилството преку општествено вклучување на жените,,
29.11.2010 - Школа за Мултикултурализам
- Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
- Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas
- Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“
- Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост
20.12.2013 - Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
30.4.2015 - Економско јакнење на жени во две општини
20.1.2016 - Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот
18.1.2016 - Здружени сили за заеднички интереси
01.1.2017 - Институционален грант Цивика Мобилитас
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.