Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
понеделник, 09 декември 2024
ЖЕНИТЕ И ОПШТЕСТВОТО - РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ - УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЖЕНИТЕ
 
 
Цели, активности, резултати, влијание...

Програмата “Жените и општеството” дава одговор на влијанието на патриархалниот, менталитет и наметнувањето на традиционалните вредности и стереотипи кои ги потиснуваат жените во маргините на општествените процеси.
 
Цели:
Иницијативите на Антико во рамките на оваа програма се насочени кон создавање на услови и можности за рамноправно учество на жените во јавниот и политичкиот живот, како и во сите други свери на општественото живеење.
 
Влијание:
Зголемување на свесноста на жените и младите за:
  • женските прашања, родовите односи, човекови/женски права, дискриминацијата базирана врз база родот
  • Јакнење на женскиот идентитет, моќ и самодоверба за превземање на индивидуални и групни иницијативи - акции за создавање на промени преку јавно и општествено - политичко ангажирање во заедницата.
  • Унапредување и заштита на човековите права на жените


  • Програма Жените и општеството е насочена и кон подобрување на законската регулатива, преку влијание за сензибилизирање на институциите за воведување и применување на институционални механизми за постигнување на родовата еднаквост – мониторирање на процесот на нивната имплементација и давање на поддршка за унапредување и ефективна примена во пракса.
    Основна цел е да се даде придонес за формирање на солидна база за исти права, можности и одговорности како за мажите така и за жените.

    Достигнување на одржлив развој каде човекот - граѓанинот е во фокусот на вниманието.
     
    Активности:
    Истражувања, родови анализи, семинари, обуки за обучувачи, конференции, интерактивни мултиетнички работилници, тркалезни маси, трибини, дебати, медиумска презентација, прес конференциии, печатени матријали (публикации, лифлети, брошури, плакати), кампањи, јавно застапување, поддршка за вмрежување, потикнување и развојот на јавниот и мировен активизам, граѓански иницијативи на важни теми од родовата рамноправност, изградбата на мирот, унапредувањето на меѓуетничките односи и граѓанското општество на локално национално и меѓународно ниво Програмата се имплементира преку реализирање на долгорочни и континуирани проекти и иницијативи, истовремено во 10 мултиетнички локални заедници на Р. Македонија, а одредени иницијативи и кампањи се спроведуваат низ целата територија на Р.Македонија
     
    Целни групи:
    Жени и млади од различна етничка припадност, професии, социален статус, преставнички/ци од образовни и здравствени институции, граѓански организации, политички партии, синдикати, новинарки, локална власт, кандидатки за градоначалнички, советнички, парламентарки и други преставници од релевантни институции и структури од урбани и рурални локални заедници на Р. Македонија.
     
     
     
    РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА
     
    Активности за зголемување на бројот на жени во политиката и раководни функции – семинари и обуки
     
    Организирани 47 обуки и семинари со 1146 учеснички преку регионалната програма за политичко јакнење на жените, “Жените тоа го можат”
     
    ТОТ: Едукациија на едукатори од програмата ,,Жените тоа го Можат – политичко јакнење
     
    Други организирани семинари и обуки
     
    ТОТ: Едукациија за Родовите концепти - Сензибилизација на прашањата род и пол - работа со средношколци и млади
     
    Обука: Меѓународна тренинг работилница - Мониторинг на имплементација на Резолуцијата 1325ОН - Косово, БИХ и Р.Македонија
     
    Обука - Резолуција 1325 имплементација и мониторинг - тренинг работилница за преставници/чки од 19 граѓански организации од локалните заедници на Р. Македонија (2005)
     
    Активности - обуки за запознавање со Резолуцијата 1325 и други меѓународни документи за преставници/чки од граѓанските организации од локалните заедници на Р. Македонија (2004- 2005)
     
    Семинар : “Институционални мехнизими за постигнување на родовата рамноправност во Р.Македонија” 4-5 и 6 Јуни 2004 год. Хотел Дрим Струга
     
    Обука: Ненасилна разработка на конфликти и изградба на мирот - креативен пристап кон конфликтите и вештини на ненасилната комуникација ( 2004) СЕМИНАР: Мир во себе - Мир со сите
     
    Семинар: “Медиумите ваш партнер во контакти со јавноста 2”
     
    Семинар: “Медиумите ваш партнер во контакт со јавноста 1”
     
    Семинар: “Мрежи и умрежување”
     
    Семинар: “Ако жените добиваат кој губи”
     
    Семинар: “Родови предизвици - феминизмот како политика и определба”
     
    Циклус од 4 семинари “Повеке жени во власта”(2001)
     
    Иницијативи и активности за унапредување и заштита на женските човекови права во локалните заедници на Р. Македонија
     
    МУЛТИЕТНИЧКИ РАБОТИЛНИЦИ: одржани 1.200 работилници со над 19.000 учеснички
     
    ТРКАЛЕЗНИ МАСИ: Организирани 63 тркалезни маси со 2120 учеснички воведување на институционални механизми и афирмативни мерки - за унапредување на демократските процеси, човековите/женските права и родовата рамноправност
     
    ТРИБИНИ: Одржани 89 Трибини со 4387учесници/чки на теми од женските човекови права и рамноправното учеството на жените во донесување на политички одлуки и активна партиципација во развојот на заедницата
     
    КОНФЕРЕНЦИИ И ПАНЕЛИ: Одржани 28 национални и локални конференции и панели за унапредување на женските човекови права, демократските процеси и постигнување на родовата рамноправност со 1.576 учесници/чки
     
    Национална Конференција “Жените во политиката” (2004)
     
    Организирани конференции во 10 локални заедници со 808 учесници на тема: Зголемувањето на бројот на жени во политиката и раководни позиции (ноември - декември 2004)
     
    Национална конференција: ,,Достигнување и предизвици на женското организирање и делување во Македонија( 2002)
     
    Активизам за елиминирање на родовото и семејното насилство
     
    Насилство врз жените и семејното насилство
     
    Предизборни активности за унапредување на граѓанските и политички права на жените
     
    Активности за искоренување на феноменот на семејно гласање и гласање во име на друг
     
    Организирани 7 панели-дискусии со 60 кандидатки од изборните листи на политичките партии и женското гласачко тело во 7 локални заедници на Р. Македонија ( 2005)
     
    Активности за поддршка на руралните жени за правилно и самостојно - демократско искористување на правото на глас - Парламентарни избори 2006
     
    Едукација на 58.541жени со право на глас со пристап “Врата до Врата” во 188 рурални средини на Р.Македонија( 2002-2004)
     
    Нашиот глас одлучува Едукација на 22.894 жени со пристап “Врата до врата” за освестување за женските и политичките права
     
    Родовата рамноправност во локалната самоуправа - влијание за зајакнување и подобрување на работата на родовите комисии
     
    Активности и влијание за инплементација / подобрување на институционалните механизми за постигнување на родовата рамноправност
     
    Јавно застапување за донесување на иституционални механизми за постигнувањето на родовата рамноправност во Р. Македонија
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
    Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.