ПРОЕКТ: ЖЕНИТЕ И ОПШТЕСТВОТО - РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ - УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЖЕНИТЕ |
|
|
Реализирана активност: Активности - обуки за запознавање со Резолуцијата 1325 и други меѓународни документи за преставници/чки од граѓанските организации од локалните заедници на Р. Македонија (2004- 2005)
Датум: |
|
|
|
Јакнење на свеста - градење на капацитети за унапредувањето на родовата рамноправност во Р. Македонија (18 семинари и обуки) |
|
Активности - обуки за запознавање со Резолуцијата 1325 и други меѓународни документи за преставници/чки од граѓанските организации од локалните заедници на Р. Македонија (2004- 2005)
Резолуција- 1325СЦР-ОН- Жени мир и сигурност
Женска граѓанска иницијатива Антико во склоп на проектот “Мир во себе мир со сите” 2004-2005 година спроведе низа на активности кои имаа за цел:
Раководните структури, активистките, членките и волонтерките на граѓанскиот сектор, а и пошироката јавност да се запознаат со Резолуцијата на СЦР ОН 1325 како и со други меѓународни документи и конвенции (ЦЕДАЊ) кои се однесуваат на женските човекови права.
Со цел лобирање и јавно застапување за сензибилизирање на релеватните владини институции за имплементација на меѓународните документи и инкорпоририрањето на Резолуцијата 1325 СЦР домашната законска регулатива и нејзина примена во пракса., се реализираа и средби со преставници од надлежните институции кои се одговорни за третирање на овие прашања како што е МТСП- одделение за родова рамноправност, Министерството за надворешни работи одделение за човекови права, Канцелариријата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Скопје и дрг.релевантни институции. |
|
Активности во рамките на иницијативата: |
|
Со цел граѓанскиот сектор - особено женските групи и организации, да ги зголемат своите знаења, вештини и перформанси за ефективното и успешно делување во однос на градењето на мирот во заедницата преку елиминирањето на родовата дискриминација и подобрувањето на положбата на жените во општеството, Антико спроведе низа на активности. главните активности на иницијатива беа: |
|
- Истражување- анкета со стуктури од граѓанскиот сектор во однос на знаењата и примената на Резолуцијата 1325 во пракса.
- Aнализа на истаражувањето
- Дизајнирање на семинар и работилници врз основа на добиените резултати од анализата
- Лобирање и јавно застапување во владини институции
- Посета на владини институции Министерство за надворешни работи -одделение за човекови права, Министрство за труд и социална политика - одделение за Родова рамноправност, дистрибуција на матријали за Резолуцијата 1325СЦР-ОН и барање за воспоствување на соработка со цел да се имплементираат овие меѓународни докумети
- Организирање и одржување на еден семинар (18.12.2004 ) и 8 тренинг работилници во локалните заедници.
- Дистибуција на информативни и едукативни маретијали
|
|
Резултати од спроведените активности: |
|
ИСТРАЖУВАЊЕ |
|
Истражувањето покажа дека:
1. 91 % од анкетираните изјавуваат дека слушнале за овие документи, но не ги применувале во својата работа. Додека 9% воопшто не слушнале.
2. 13% од нив кои слушнале, мислат дека имаат доволно информации и знаења за овие меѓународни документи.
3. додека 87% изјавуваат дека не се запознаети со содржината на овие документи или имаат многу малку знаења.
4. 95% од анкетираните женски организации би сакале да дознаат повеќе за овие документи.
5. додека анкетирани лица од граѓанскиот сектор кои не работат на женските прашања само 29% сметаат дека е важно да се запознаат со овие документи и би учествувале на вакви семинари. |
|
СЕМИНАР
Скопје Хотел “Арка” 18-12-2004 каде присуствуваа 29 учеснички преставнички од НВО кои работат на женските прашања.
Цели на семинарот:
- Запознавање на соодносот на Резолуцијата 1325 и специфичните приоритети на жените во нашата земја
- Препознавање и отварање на дискусија за активностите кои се реализирани за имплементација на овој документ од страна на НВО и од страна на државни институции
- Препознавање на врската кои покрива Резолуцијата и други значајни рамки за унапредување на женските права (ЦЕДОЊ, Милениумски развојни цели, Пекинска платформа за акција и дрг.)
- Развивање на идни домашни и регионални активности и стратегии за воспоствување на соработка и вмрежување.
Семинарот беше интерактивен со презентации, пленарни сесии и работа во мали групи поделени по теми и вежби. На крајот на семинарот се сумиШе работата на групи те и донесените заклучоци и се дадоа препораки за покренување на нови инициативи во однос на третирањето на оваа прашање. |
|
Резултати од работата на групите во семинарот:
Состојби - предизвици барања |
|
1. Барање до владата |
Донесување на институционални механизми за постигнување на родова рамноправност како што се:
1. Закон за еднакви можности, Министрество за родови прашања.
2. Правобранител за родови прашања, родови комисии на локално ниво.
3. Закон за искоренување на родовото и семејното насилство.
4. Применлива и ефективна Национална стратегија за постигнување на родова рамноправност ( НАП), вклучување на Резолуцијата СЦР-ОН 1325 во системот на програмско спроведување и во НАП за постигнување народовата рамноправност, родово буџетирање, зголемување на бројот на жени на раководни позиции во парламент, министрства, локална самоуправа, жени - дипломати амбасодорки, жени во мировни мисии.
5. Зголемување на активностите на мрежата на Антико и други НВО за донесување на закон за еднакви можности - јавно застапување.
6. донесување на стратегија и воведување на институција за соработка на граѓанскиот сектор со владата.
7. Градење и зголемување на капацитети на НВО (едукација, освестување, зајакнување и мотивирање).
8. Лобирање и јавно застапување во однос на сензибилизирањето и вршење на притисок до релевантните владини институции - воспоствување на соработка.
9. Подигање на јавната свест.
10. Формирање на локални и регионални мрежи.
11. Зголемување на соработката со ОН институциите во земјата.
12. Зголемување на регионалната соработка преку иницирање на заеднички активности. |
|
2. Барања до ОН
- одредување на временска рамка за доставување на извештаји од страна на владите
- зголемување на бројот на жени во мировни мисии
- зголемување на бројот на жени во раководни позиции во мировните мисии
- зголемување на соработката на преставниците на ОН институциите во земјата со НВО и владините структури преку иницирање на заеднички проекти за унапрадувањето на правата на жените и донесување на институционални механизми за постигнување на родовата рамноправност
- поддршка на ОН институциитево земјата за градење на капацитети на НВО и владините институции.
ИМАЈЌИ ГИ ПРЕДВИД ПРЕПОРАКИТЕ И ЗАКЛУЧОЦИТЕ КОИ ПРИЗЛЕГУВАОД ОВОЈ СЕМИНАР И ОД 8-те ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ НА ЛОКАЛНО НИВО, ТИМОТ НА АНТИКОИЗГОТВИ СТАРЕГИЈА ЗА КРАТКОРОЧНО И ДОЛГОРОЧНО ДЕЛУВАЊЕ ВО ОДНОС НА ИДЕНТИФИКУВАНИТЕ ПОТРЕБИ И ПРИОРИТЕТИ.
еден од многубројните заклучоци на овој семинар беше и: да се покрене инициатива од страна на Антико за зголемување на регионалната соработка во оваа област. Да се спроведат дополнителни активности за формира една и Регионална мировна лоби група која ке работи на промоцијата и градењето на мирот на регионот и пошироко. Антико за да се реализира оваа цел испрати писмо и побара поддршка од УНИФЕМ во седиште во Братислава- Словачка, како и КТК и Пакс Кристи Холандија. Од Унифем одговорија позитивно и ја поддржаа регионална конференција која се одржа април 2005 во Скопје во соработка со Унифем. |
|
|
|
|
|
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА |
|
Активности за зголемување на бројот на жени во политиката и раководни функции – семинари и обуки |
|
Организирани 47 обуки и семинари со 1146 учеснички преку регионалната програма за политичко јакнење на жените, “Жените тоа го можат”
|
|
ТОТ: Едукациија на едукатори од програмата ,,Жените тоа го Можат – политичко јакнење
|
|
Други организирани семинари и обуки |
|
ТОТ: Едукациија за Родовите концепти - Сензибилизација на прашањата род и пол - работа со средношколци и млади
|
|
Обука: Меѓународна тренинг работилница - Мониторинг на имплементација на Резолуцијата 1325ОН - Косово, БИХ и Р.Македонија
|
|
Обука - Резолуција 1325 имплементација и мониторинг - тренинг работилница за преставници/чки од 19 граѓански организации од локалните заедници на Р. Македонија (2005)
|
|
Активности - обуки за запознавање со Резолуцијата 1325 и други меѓународни документи за преставници/чки од граѓанските организации од локалните заедници на Р. Македонија (2004- 2005)
|
|
Семинар : “Институционални мехнизими за постигнување на родовата рамноправност во Р.Македонија” 4-5 и 6 Јуни 2004 год. Хотел Дрим Струга
|
|
Обука: Ненасилна разработка на конфликти и изградба на мирот - креативен пристап кон конфликтите и вештини на ненасилната комуникација ( 2004) СЕМИНАР: Мир во себе - Мир со сите
|
|
Семинар: “Медиумите ваш партнер во контакти со јавноста 2”
|
|
Семинар: “Медиумите ваш партнер во контакт со јавноста 1”
|
|
Семинар: “Мрежи и умрежување”
|
|
Семинар: “Ако жените добиваат кој губи”
|
|
Семинар: “Родови предизвици - феминизмот како политика и определба”
|
|
Циклус од 4 семинари “Повеке жени во власта”(2001)
|
|
Иницијативи и активности за унапредување и заштита на женските човекови права во локалните заедници на Р. Македонија |
|
МУЛТИЕТНИЧКИ РАБОТИЛНИЦИ: одржани 1.200 работилници со над 19.000 учеснички
|
|
ТРКАЛЕЗНИ МАСИ: Организирани 63 тркалезни маси со 2120 учеснички воведување на институционални механизми и афирмативни мерки - за унапредување на демократските процеси, човековите/женските права и родовата рамноправност
|
|
ТРИБИНИ: Одржани 89 Трибини со 4387учесници/чки на теми од женските човекови права и рамноправното учеството на жените во донесување на политички одлуки и активна партиципација во развојот на заедницата
|
|
КОНФЕРЕНЦИИ И ПАНЕЛИ: Одржани 28 национални и локални конференции и панели за унапредување на женските човекови права, демократските процеси и постигнување на родовата рамноправност со 1.576 учесници/чки
|
|
Национална Конференција “Жените во политиката” (2004)
|
|
Организирани конференции во 10 локални заедници со 808 учесници на тема: Зголемувањето на бројот на жени во политиката и раководни позиции (ноември - декември 2004)
|
|
Национална конференција: ,,Достигнување и предизвици на женското организирање и делување во Македонија( 2002)
|
|
Активизам за елиминирање на родовото и семејното насилство |
|
Насилство врз жените и семејното насилство
|
|
Предизборни активности за унапредување на граѓанските и политички права на жените |
|
Активности за искоренување на феноменот на семејно гласање и гласање во име на друг
|
|
Организирани 7 панели-дискусии со 60 кандидатки од изборните листи на политичките партии и женското гласачко тело во 7 локални заедници на Р. Македонија ( 2005)
|
|
Активности за поддршка на руралните жени за правилно и самостојно - демократско искористување на правото на глас - Парламентарни избори 2006
|
|
Едукација на 58.541жени со право на глас со пристап “Врата до Врата” во 188 рурални средини на Р.Македонија( 2002-2004)
|
|
Нашиот глас одлучува Едукација на 22.894 жени со пристап “Врата до врата” за освестување за женските и политичките права
|
|
Родовата рамноправност во локалната самоуправа - влијание за зајакнување и подобрување на работата на родовите комисии |
|
Активности и влијание за инплементација / подобрување на институционалните механизми за постигнување на родовата рамноправност
|
|
Јавно застапување за донесување на иституционални механизми за постигнувањето на родовата рамноправност во Р. Македонија
|
|
|
|
|
|