Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
понеделник, 30 декември 2024
ПРОЕКТ: Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
Циклус на работилници во средните училишта во Скопје и Тетово – мултиплицирање на знаењата
Датум: 31.5.2013
 
Групата млади обучувачи распределени во 8 тима, во периодот април-мај 2013 год. преку одржување на 32 работилници, стекнатите знаења ги мултиплицираа во 4 средни мултиетнички училишта во Скопје (ДСУ “Арсениe Јовков” и ДСУ “Здравко Цветковски”) и Тетово (СТУ “Ѓоце Стојчески” и СЕУ “8 Септември”). На работилниците зедоа учество 200 ученици од четирите училишта. Темите кои ги обработи секоја група на ученици во рамките на циклусот од 4 работилници се однесуваа на мултикултурното општество, комуникациските вештини и ненасилната комуникација, справување со конфликтите и јавен активизам во заедницата. Обучувачите ја имаа предвид возраста на учесниците и токму поради нивните специфики и со цел да го задржат нивното внимание и интерес, дизајнираа методологија која обезбедува нивно постојано анимирање за време на работилницата – индивидуална практична работа и групни вежби, дебати, дискусии, користење на визуелни средства и други техники кои овозможуваат максимално учество и активност на учениците. Секој од нив имаше можност да ги искаже своите видувања и ставови во врска со темите, да проговори за проблемите и бариерите со кои се соочуваат младите од различните етнички заедници и да даде свои предлози за нивно надминување. Од страна на обучувачите посебно беа акцентирани трите значајни компоненти за понатамошниот активизам на учениците: личен развој, тимска работа и вклучување/иницијативност во заедницата. Консултациите со професорите /ментори во процесот на реализација на активностите претставуваше значаен сегмент во обезбедувањето на вклученост на наставниот кадар, размена на искуства и информации поврзани со соживотот и интеракцијата на учениците како за време на наставата, така и во слободните - воннаставни активности. Исто така, тоа придонесе кон нови предлози и идеи, како понатаму содржински да се инкорпорираат мултикултураните активности на младите во училиштето и во заедницата воопшто.
 
 
 
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ И ДОСТИГНУВАЊА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ
 
10.12.2013
Јавни акции во заедниците - Организирани на јавни акции за елиминирање на насилствата и почитување на човековите права
 
03.12.2013
Национална конференција
 
15.11.2013
Јавни акции во заедниците - Јавен перформанс во Веро Центар
 
31.10.2013
Јавни акции во заедниците - Јавни дебати
 
28.10.2013
Јавни акции во заедниците - Акции со хуманитарни цели и музички настапи
 
28.10.2013
Јавни акции во заедниците - Покрената иницијата за издавање на прв број на двојазичен училишен весник во историјата на училиштето
 
22.10.2013
Јавни акции во заедниците - Мултиетнички спортски турнир
 
10.10.2013
Јавни акции во заедниците - Подготовка на промотивни и информативни материјали од страна на целните групи
 
28.9.2013
Јавни акции во заедниците - Изведба на еколошка акција
 
02.9.2013
Јавни акции во заедниците
 
20.6.2013
Летна школа за мултикултурализам
 
31.5.2013
Циклус на работилници во средните училишта во Скопје и Тетово – мултиплицирање на знаењата
 
31.3.2013
Тренинг за тренери за мултикултурализам
 
 
 
- Родова рамноправност во локалната заедница - проект во соработка со GFW
- Кампања: Мобинг, информирај се и препознај го!
www.mobbingnet.org
04.7.2009 - Хотел Александар Палас Скопје,
Меѓународна Конференција,, Мир и безбедност,-феминистичка алтернатива- Антико 10 Години во промоцијата на културата мирот и ненасилството преку општествено вклучување на жените,,
29.11.2010 - Школа за Мултикултурализам
- Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
- Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas
- Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“
- Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост
20.12.2013 - Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
30.4.2015 - Економско јакнење на жени во две општини
20.1.2016 - Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот
18.1.2016 - Здружени сили за заеднички интереси
01.1.2017 - Институционален грант Цивика Мобилитас
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.