На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thonза зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.
Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни
Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests,,ЖГИ АНТИКО Скопје учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...
На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.
На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.
Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.
Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.
Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.
Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.
Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.
Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.
Работилница со членките на мрежата на Антико за Резолуцијата 1325 - 12.11.2012
На 11 Ноември 2012 год. во х. Гранит, Охрид се одржа еднодневна работилница со членките на мрежата на АНТИКО, на тема „ООН Резолуцијата 1325 за Жените, мирот и безбедноста“. Учесничките на работилницата подетално се запознаа со насоките и значењето на ОН Резолуцијата 1325 – жени, мир и сигурност, како и со предлог текстот на „Националниот акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Република Македонија“ со цел да развијат конкретен акциски план за вклучување на Антико во реализацијата на одредени активности поврзани со оваа Резолуција и спроведување на мониторинг на нејзината имплементација од страна на институциите.
На работилницата присуствуваа 14 учеснички, а беше фацилитирана од страна ......
Jавни трибини во локалните заедници за пристапот до институционалните механизми и заштита на правата на граѓаните од родова дискриминација - 30.10.2012
За време на третиот квартал на 2012 година беа реализирани 3 јавни трибини ( од вкупно 10 ) на локално ниво, на тема „Пристап до институционалните механизми и заштита на правата на граѓаните од родова и други видови на дискриминација“. Целта на овие активности е подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните за постоење на правна рамка и институционални механизми за заштита од дискриминација, пристапот до институциите и мерките за превенција и заштита.
Трибините беа фацилитирани и организирани од страна на членките на локалните организации на мрежата на Антико, а вкупно 53 учесници/чки - маргинализирани/ранливи категории на граѓани и претставници на ГО се информираа и дискутираа на темата. Трибините беа орган ......
ПОКРЕНАТИ ПРАШАЊА ЗА ЕФИКАСНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА - 20.9.2012
Јавната трибина за информирање на граѓаните и маргинализираните групи за пристапот до институционалните механизми за заштита од дискриминација, што се одржа во Тетово на 20.09.2012, со 23 претставници на ранливи категории на граѓани ( социјално загрозени лица, самохрани мајки, лица со посебни потреби) и НВО, ги покрена прашањата во однос на функционирањето на механизмите за заштита, нивната ефикасност и достапност за граѓаните.
Воведното излагање од страна на фацилитаторката Гзиме Хајредини, претседателка на Здружението „Златна рака“ Тетово (организација членка на мрежата на Антико), придонесе учесниците/чките да ја подобрат нивната информираност во однос на дискриминацијата, и да проговорат за актуелните проблеми со кои се соочуваат. Во ......
Kонференција “Демократијата и родовата еднаквост” - 14.9.2012
Конференцијата на тема „Демократијата и родовата еднаквост“ се одржа на 14.09.2012 во Собранието на РМ, по повод 15 Септември – Меѓународниот ден на демократијата.Целта на овој настан беше да ги покрене прашањата за предизвиците и пречките со кои се соочуваат жените и мажите во остварување на основните постулати на демократијата, како што се рамноправноста, партиципативноста и репрезентативноста. На конференцијата земаа учество околу 115 претставници на Собранието на РМ, Владата, политичките партии, академската јавност, граѓанскиот сектор и меѓународните институции. кои дискутираа во однос на споделувањето на одговорноста помеѓу жените и мажите во креирањето на политиките и донесувањето на одлуките.
ОПШТИНА ГОСТИВАР ЗАПОЧНА СО РЕВИДИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ - 31.8.2012
Двете работилници кои ЖГИ Антико ги реализираше со претставници на општина Гостивар (членови на КЕМ, советници и локална администрација) на 31.08.2012, на тема Родово одговорно буџетирање и Планирање и подготовка на локални акциски планови за родова рамноправност, ги отворија прашањата околу иницијативноста и ефикасноста на механизмите за еднакви можности и исполнувањето на нивните обврски и надлежности, согласно Законот за еднакви можности.
Презентацијата на темите ги заинтересира присутните учесници, затоа што вклучуваше конкретни насоки и предлози како да го подобрат нивното функционирање, но и практични искуства од другите општини кои можат да ги искористат за свои потреби. Од дискусијата на учесниците можеше да се заклучи дека механи ......