|
|
ПОКРЕНАТИ ПРАШАЊА ЗА ЕФИКАСНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Датум: 20.9.2012 |
|
|
Јавната трибина за информирање на граѓаните и маргинализираните групи за пристапот до институционалните механизми за заштита од дискриминација, што се одржа во Тетово на 20.09.2012, со 23 претставници на ранливи категории на граѓани ( социјално загрозени лица, самохрани мајки, лица со посебни потреби) и НВО, ги покрена прашањата во однос на функционирањето на механизмите за заштита, нивната ефикасност и достапност за граѓаните.
Воведното излагање од страна на фацилитаторката Гзиме Хајредини, претседателка на Здружението „Златна рака“ Тетово (организација членка на мрежата на Антико), придонесе учесниците/чките да ја подобрат нивната информираност во однос на дискриминацијата, и да проговорат за актуелните проблеми со кои се соочуваат. Во тој контекст, учесниците истакнаа дека, неретко е видлива дискриминацијата врз одделни категории на граѓани во самата средина каде што живеат или работат, но, посочија, дека постојат случаи кога и самите институции / вработени имаат дискриминаторски однос и не ја применуваат доследно законската регулатива и мерките за постапување и заштита.
Нефункционирањето на СОС линија за жртви на насилство и непостоењето на Шелтер Центар во Тетово, исто така беа детектирани како проблеми на кои што институциите и граѓанските организации треба да работат, со цел да обезбедат адекватен пристап и поддршка во заштитата на жртвите на насилство.
Трибината беше поздравена од учесниците, кои ја истакнаа потребата од континуирано одржување на вакви настани со цел, едукација и информирање на граѓаните.Меѓутоа, еднакво е значајно што нивните предлози и сугестии ќе бидат актуелизирани во локалната заедница и конкретизирани во последователни иницијативи и акции.
|
|
|
|
|
|
|
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! |
|
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот |
|
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции |
|
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО |
|
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ |
|
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство |
|
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ |
|
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 |
|
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош |
|
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 |
|
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 |
|
06.12.2017 - Општина Теарце- |
|
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ |
|
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 |
|
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ |
|
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ |
|
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - |
|
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ |
|
|
|