Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
вторник, 24 декември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
Kонференција на тема “Локални избори 2013 – За родова рамноправност” - 11.12.2012

На 10 декември 2012 година, во х. Александар Палас во Скопје, беше одржана Конференција на тема „Локални избори 2013 – За родова рамноправност“. Конференцијата беше имплементирана во рамките на во рамките на Кампањата за поголемо учество на жените на локалните избори како кандидатки за градоначалнички и советнички. Присуствуваа 22 учесници, претставници од граѓанскиот сектор, политичките партии, академската јавност, домашните и меѓународните институции. На конференцијата беше упатен повик до политичките субјекти и сите релевантни фактори, да создадат услови и еднакви можности за вклучување на жените во процесите на одлучување и креирање на политики на локално ниво, како одговор на реалните потреби во заедниците и соврем ......

 
Кампања: „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство“ 25.11-10.12.2012 - 25.11.2012
„ИНФОРМИРАЈ СЕ! ЗАШТИТИ СЕ!“ Под мотото „ИНФОРМИРАЈ СЕ! ЗАШТИТИ СЕ!“, Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, ја започнува Кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство“ со која традиционално го одбележува Меѓународниот ден против насилството врз жената. Во текот на 16 дена ќе се реализираат повеќе од 30 настани (работилници, тркалезни маси, јавни дебати, јавни перформанси) во 15 локални заедници на Република Македонија и ќе се дистрибуираат 15.000 примероци промотивен материјал. Во активностите на к ......
 
ЧЛЕНКИТЕ НА МРЕЖАТА НА АНТИКО КРЕИРАА АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА - 12.11.2012
На еднодневната работилница што се одржа на 11.11.2012 год. во х. Гранит, Охрид, членките на мрежата на Антико подетално се запознаа со насоките и значењето на ОН Резолуцијата 1325 – жени, мир и сигурност, како и со предлог текстот на „Националниот акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Република Македонија“ со цел да развијат конкретен акциски план за вклучување на Антико во реализацијата на одредени активности поврзани со оваа Резолуција и спроведување на мониторинг на нејзината имплементација од страна на институциите. Врз основа на дискусиите на учесничките, разменетите искуства и предлозите произлезени од работата во групи, беа конкретизирани активностите за акцискиот план, кој понатаму во координација и консултации с ......
 
ЛИДЕРКИ И АКТИВИСТКИ ЗА РОДОВИ ПРАШАЊА ОД ТЕТОВО И КИЧЕВО ПОКРЕНАА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЛОКАЛНО ВМРЕЖУВАЊЕ - 12.11.2012
На 28 октомври 2013 учениците од ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје, организираа јавна акција за собирање на финансиски средства, облека и играчки за помош на децата од Дневен центар за деца на улица од Шуто Оризари. Обединети во името на хуманоста, средношколците од ова мултиетничко училиште одржаа хуманитарен музички настап на кој изведоа песни од македонската, албанската, ромската, турската и србската музичка култура. Публиката воодушевена од мултиетничкото единство што учениците го покажаа, многу дарежливо донираа дел од својот буџет и сопственост во поддршка на овој хуман чин. Со оваа јавна акции, средношколците ја пренесуваат својата порака за промоција и практикување на вредностите на мултикултурализмот и докажаа дека единствено со з ......
 
Тренинг за зголемување на свеста за застапување на родовите и женските прашања“со активистки и лидерки од општините Кичево и Тетово - 12.11.2012

Во периодот 9-11 ноември 2012 година во х. Инекс во Охрид, беше реализиран тренинг во рамките на проектот „Поврзување и зајакнување на женските граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова рамноправност“ поддржан од Европска Комисија, во партнерство со PDCI – Белгија, Хелсиншки комитет за човекови права од Србија и ПМНК од Косово.

На тренингот присуствуваа 25 претставнички /жени лидерки од таргетираните општини Кичево и Тетово ( жени на раководни позиции и активни жени од НВО, од институциите, од ЕЛС, политички партии, медиуми и бизнис секторот). Оваа активност имаше за цел да се зголеми свесноста, знаењата и вештините на учесничките за застапување на родовите прашања и развивање ......

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.