„ИНФОРМИРАЈ СЕ! ЗАШТИТИ СЕ!“
Под мотото „ИНФОРМИРАЈ СЕ! ЗАШТИТИ СЕ!“, Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, ја започнува Кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство“ со која традиционално го одбележува Меѓународниот ден против насилството врз жената.
Во текот на 16 дена ќе се реализираат повеќе од 30 настани (работилници, тркалезни маси, јавни дебати, јавни перформанси) во 15 локални заедници на Република Македонија и ќе се дистрибуираат 15.000 примероци промотивен материјал. Во активностите на кампањата ќе се вклучат над 150 членки, активистки, волонтери/ки на АНТИКО од Скопје, Дебар, Делчево, Пробиштип, Битола, Ресен, Кичево, Гостивар, Куманово, Штип, Тетово, Крушево, Липково, Струга и Струмица.
|