Во периодот 9-11 ноември 2012 година во х. Инекс во Охрид, беше реализиран тренинг во рамките на проектот „Поврзување и зајакнување на женските граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова рамноправност“ поддржан од Европска Комисија, во партнерство со PDCI – Белгија, Хелсиншки комитет за човекови права од Србија и ПМНК од Косово.
На тренингот присуствуваа 25 претставнички /жени лидерки од таргетираните општини Кичево и Тетово ( жени на раководни позиции и активни жени од НВО, од институциите, од ЕЛС, политички партии, медиуми и бизнис секторот). Оваа активност имаше за цел да се зголеми свесноста, знаењата и вештините на учесничките за застапување на родовите прашања и развивање на иницијативи за конструктивно вклучување во политичките и граѓанските процеси, преку градење на партнерства и мрежи со други женски граѓански организации на локално, национално и регионално ниво.
Учесничките на тренингот покажаа висок степен на посветеност и мотивираност за преземање на конкретни акции и иницијативи во нивните општини, а првиот чекор во таа насока беше интересот за мрежно поврзување со цел да се зајакне учеството на жените во донесувањето на политиките и да се обезбеди континуиран активизам и соработка со сите засегнати страни.
|