На 10 декември 2012 година, во х. Александар Палас во Скопје, беше одржана Конференција на тема „Локални избори 2013 – За родова рамноправност“. Конференцијата беше имплементирана во рамките на во рамките на Кампањата за поголемо учество на жените на локалните избори како кандидатки за градоначалнички и советнички. Присуствуваа 22 учесници, претставници од граѓанскиот сектор, политичките партии, академската јавност, домашните и меѓународните институции. На конференцијата беше упатен повик до политичките субјекти и сите релевантни фактори, да создадат услови и еднакви можности за вклучување на жените во процесите на одлучување и креирање на политики на локално ниво, како одговор на реалните потреби во заедниците и современите демократски придобивки.
Претставниците на политичките партии во контекстот на своите излагања информираа за можните кандидатки за градоначалнички за Локалните избори 2013 и се осврнаа на внатрепартиските политики за поголемо учество на жените во структурите на одлучување. Граѓанските здруженија во Република Македонија, својата поддршка ја изразија преку потпишување на повеќе од 100 Декларации ( од кои Антико обезбеди 53 ) за зголемување на бројот на жените во локалните структури на власт и почитување на законската регулатива. Преку оваа Декларација, иницијаторите Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Македонското женско лоби и Националниот Совет за Родова рамноправност- СОЖМ, ги повикаа политичките партии формално да ја изразат својата посветеност кон унапредување на родовата еднаквост, и доброволно да го рефлектираат духот на мерките во Изборниот законик во нивните политики и активности.
|