Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
недела, 01 септември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
Jавни дебати/тркалезни маси, со претставници на различни политички партии во локалните заедници - 28.12.2012

Во месеците октомври и декември 2012 беа реализирани 12 јавни дебати / тркалезни маси со претставници на различни политички партии во 11 локални заедници (Липково 16.10.2012; Могила 16.10.2012; Куманово 07.12.2012; Гостивар 08-12-2012; Кичево 12.12.2012; Пробиштип 12.12.2012; Тетово 12.12.2012; Ресен 13.12.2012; Тетово 14.12.2012; Битола 15.12.2012; Велес 17.12.2012; Струга 21.12.2012;) на тема „Локални избори 2013 – предизвици и можности за зголемување на бројот на жените на градоначалнички и советнички позиции“. Јавните дебати беа фацилитирани од локални ресурси – соработнички од локалните заедници и членки на мрежата на Антико, а вкупно учествуваа 182 претставници/чки од различни политички партии.

П ......

 
Работилници за зајакнувење на капацитетите на претставниците на Единиците на локална самоуправа - 27.12.2012

Во периодот септември – декември 2012 се одржаа 8 работилници за зајакнување на капацитетите на претставниците на единиците на локалната самоуправа за поефикасно спроведување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, унапредување на родовата рамноправност преку креирање на родово сензитивни јавни политики и нивна имплементација во пракса. ЖГИ Антико работилниците ги реализираше во општините Могила, Липково,Чашка и Кичево, со кои потпиша и Меморандум за соработка.

Темите предизвикаа значителен интерес кај присутните учесници во општините и наметнаа многу прашања за дискусија, но, генерално недостатокот на финансии беше истакнат како проблем, кој што ја оневозможува целосната реализација на програмите и плановите кои ......

 
Циклус од 8 работилници со две групи на млади Ромки/ми во рамките на проектот „Жените Ромки тоа го можат II “ - 24.12.2012

Во периодот ноември – декември 2012 година, во рамките на проектот „Жените Ромки тоа го можат“ беа имплементирани 8 работилници со млади Роми/ ки. Проектот има за цел да даде придонес кон зголемување на бројот на жени Ромки во јавниот и политичкиот живот во Република Македонија и вклучува повеќе активности. На работилниците присуствуваа 36 учесници кои ги зајакнаа капацитетите за родови прашања, јавен активизам, како и за препознавање на родовите проблеми и потреби и преземање соодветни акции во заедницата за подобрување на учеството на жените Ромки во јавниот и политичкиот живот.

Активностите се спроведоа според следнава динамика: на 17 и 18 ноември, две работилници на тема - Родови концепти и човекови/женски п ......

 
Програма за обука на волонтери во ГО членки на мрежата за Антико - 24.12.2012

Во периодот септември - декември 2012, вкупниот број на ангажирани волонтери во организациите на мрежата на АНТИКО изнесува 74. Ова, претставува позитивно искуство и за младите активисти и за организациите ментори од аспект на размена на идеи, искуства и ставови, како и поради меѓусебната поддршка во текот на реализацијата на активностите. Организациите кои ангажираат волонтери, располагаат со зголемен обем на човечки ресурси потребни за организирање и спроведување на активностите, имаат прилив на свежи идеи и информации кои волонтерите од своето сопствено искуство ги споделуваат со тимовите на организациите.

Волонтерите се едуцираат, стекнуваат нови знаења и вештини, се надградуваат и ги шират сопствените видици, а воедно имаат ......

 
АКТИВИСТКИТЕ ОД ТЕТОВО ГИ ДЕФИНИРАА ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ЖЕНИТЕ ОД НИВНАТА ОПШТИНА - 24.12.2012
На темата „Локални избори 2013 – предизвици и можности за зголемување на бројот на жените на градоначалнички и советнички позиции“, во периодот од 07-21 декември 2012, дебатираа 182 претставници/чки од различни политички партии во 10 локални заедници на Република Македонија, кои дадоа свое видување и предлози за проблемите и приоритетите во однос на иницијативата на ЖГИ Антико за зголемување на застапеноста на жените во структурите на локалната власт. Имајќи предвид дека веќе во два мандата не е избрана ниту една жена градоначалничка, и дека жените во советите на општините се застапени помалку од 30%, неопходно е сите релевантни фактори и засегнати страни да преземат соодветни мерки и ефективни решенија со кои ќе обезбедат еднакви можност ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.