Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
понеделник, 23 декември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
ЕДУКАЦИЈА НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЗА ПРАКТИЧНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ - 17.4.2013
На 17.04.2013 во СУГС „Арсени Јовков“ Скопје, беа реализирани две работилници со првата и втората група на ученици од различна етничка припадност, на тема, Мултикултурно општество. Работилниците ги фацилитираа млади обучувачи кои претходно поминаа циклус на ТОТ и успешно ги совладаа техниките и вештините за реализација на обуки и тематските содржини од областа на мултикултурализмот. Непосредниот пристап и практичните вежби преку кои средношколците се запознаа со поимот мултикултура и позитивните аспекти на различностите како мост за поврзувањ ......
 
АКТИВИСТКИТЕ ОД ТЕТОВО ГИ ДЕФИНИРАА ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ЖЕНИТЕ ОД НИВНАТА ОПШТИНА - 03.4.2013
Во општина Тетово на 03.04.2013 год. беше реализирана Сесија за планирање на соработка со 20 жени од општината - лидерки и активистки од граѓански организации, локална самоуправа и други институции и засегнати страни, со цел да се идентификуваат постоечките предизвици и проблеми кои го попречуваат целосното учество на жените во општествените процеси. Учесничките на сесијата, поделени во работни групи, дискутираа за конкретни проблеми кои ги идентификуваа како приоритетни и дефинираа активности и иницијативи за нивно надминување. Препораките и ......
 
МЛАДИТЕ ТРЕНЕРИ ЗА МУЛТИКУЛТИРАЛИЗАМ, УСПЕШНО ГО ЗАВРШИЈА ЦИКЛУСОТ НА ОБУКИ - 01.4.2013
На 28 октомври 2013 учениците од ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје, организираа јавна акција за собирање на финансиски средства, облека и играчки за помош на децата од Дневен центар за деца на улица од Шуто Оризари. Обединети во името на хуманоста, средношколците од ова мултиетничко училиште одржаа хуманитарен музички настап на кој изведоа песни од македонската, албанската, ромската, турската и србската музичка култура. Публиката воодушевена од мултиетничкото единство што учениците го покажаа, многу дарежливо донираа дел од својот буџет и сопс ......
 
ГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА ЖЕНИТЕ РОМКИ ВО НАПОРИТЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЦИПАЦИЈА ! - 21.2.2013
На јавната расправа на тема „Учество на жената Ромка во политиката“ што се одржа на 21.02.2013 , во Хотел Порта, Скопје, земаа учество 40 претставници/чки на ромските политички партии, пратеници од Собранието на РМ, членови/ки на граѓански организации и млади активисти студенти, кои дебатираа по прашањата за учеството на жените Ромки во јавниот и политичкиот живот. Присутните ги поздрави г-ѓа Силва Пешиќ, Советничка за човекови права од Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права, а вовед во темата дадоа и г-ѓа Мирдита Салиу - Раководителка на Сектор за еднакви можности на мажите и жените при МТСП, Алма Мустафовска Салимовска, независна експертка и претставнички од ЖГИ АНТИКО.Беше констатирано дека нема поголем напредок во о ......
 
НАСОКИ КОН ЗГОЛЕМЕНО АКТИВИРАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА - 07.2.2013
На 28 октомври 2013 учениците од ДСУ СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје, организираа јавна акција за собирање на финансиски средства, облека и играчки за помош на децата од Дневен центар за деца на улица од Шуто Оризари. Обединети во името на хуманоста, средношколците од ова мултиетничко училиште одржаа хуманитарен музички настап на кој изведоа песни од македонската, албанската, ромската, турската и србската музичка култура. Публиката воодушевена од мултиетничкото единство што учениците го покажаа, многу дарежливо донираа дел од својот буџет и сопс ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.