Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
понеделник, 23 декември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
ЛЕТНА ШКОЛА ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ - 13.6.2013
Во периодот од 15-20.06.2013 во Х. Белведере, Охрид, ќе се одржи Летна школа за мултикултурализам со средношколци од 4 мултиетнички средни училишта од Скопје и Тетово. Летната школа има за цел, учениците да ги продлабочат и надградат нивните знаења од областа на мултикултурализмот и практично да ги осознаат придобивките од меѓусебната интеракција и почитување. Исто така, тие ќе се стекнат со вештини за креирање и спроведување на јавни акции, а со поддршка на нивните ментори практично ќе ги изработат плановите за јавни акции во заедницата со чија реализација ќе започнат од септември 2013 година. Активноста e дел од проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“ – поддржан од Европската Унија, а имплем ......
 
ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРИОРИТЕТИ И ИНТЕРЕСИ – ПРЕДИЗВИК ЗА РЕГИОНАЛНО ВМРЕЖУВАЊЕ НА ЖЕНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН - 09.5.2013
На Регионалната конференцијата на тема „Вмрежување на жените активистки од Македонија, Србија и Косово“ што се одржа на 09.05.2013 во Х. Холидеј Ин,Скопје, околу 80 лидерки и активистки за родова рамноправност и претставнички од институциите за еднакви можности од Македонија, Србија и Косово, разменија искуства и позитивни пракси во однос на постигнувањата на полето на родова рамноправност и дискутираа за факторите за успешно регионално поврзување и соработка. Преку учество во работни групи и пленарни сесии, активистките за родова рамноправ ......
 
ПОТРЕБНА Е ПОГОЛЕМА ЗАСТАПЕНОСТ НА ЖЕНИТЕ ВО СИТЕ ПРОФЕСИИ - 09.5.2013
Според претседателката на женската граѓанска иницијатива “Антико”, Ѓунер Небиу, мажите и жените се еднакви, но потребна е поголема застапеност во сите професии. Правото на жените во Македонија и регионот се движи во нагорна линија, но се уште е потребно да се работи на ова поле.Ова е исходот на проектот за поврзување и зајакнување на капацитетот на женските организации од Косово, Србија и Македонија. Според претседателката на женската граѓанска иницијатива “Антико”, Ѓунер Небиу, мажите и жените се еднакви, но потребна е поголема застапеност во сите професии. “Како што на локално ниво се работи на зајакнување на жените и формирање различни интерсекторски мрежи за унапредување на правата на жените и институционални механизми за постигнув ......
 
УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ВО СГГУ „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“ - 30.4.2013
На 30.04.2013 во СГГУ „Здравко Цветковски“ на град Скопје, во рамките на планираниот циклус на работилници поврзани со мултикултурализмот, се одржаа уште две работилници на тема - Комуникациски вештини, на кои учениците се запознаа со видовите, техниките и алатките за успешна комуникација. Интерактивниот пристап на тренерите и практичните вежби преку кои средношколците ги применија теоретските знаења, овозможија работилниците да бидат динамични, интересни за младите и да ги поттикнат да дискутираат за нивните искуства во однос на комуникац ......
 
УЧЕНИЦИТЕ СУГС „АРСЕНИ ЈОВКОВ“ СКОПЈЕ, НАУЧИЈА КАКО ДА ГИ ПОДОБРАТ КОМУНИКАЦИСКИТЕ ВЕШТИНИ - 19.4.2013
Две групи на средношколци од СУГС „Арсени Јовков“ Скопје, на 19.04.2013, продолжија со учеството на циклусот работилници во рамките на проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“ и ја обработија втората тематска содржина - Комуникациски вештини. Имајќи предвид дека успешноста во комуникацијата е значајна карика во процесот на интеракција, меѓусебно разбирање и градење на доверба, средношколците се запознаа со основните правила за комуникација, разгледуваа позитивни и негативни примери за комуникација од пракс ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.