|
|
ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРИОРИТЕТИ И ИНТЕРЕСИ – ПРЕДИЗВИК ЗА РЕГИОНАЛНО ВМРЕЖУВАЊЕ НА ЖЕНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Датум: 09.5.2013 |
|
|
На Регионалната конференцијата на тема „Вмрежување на жените активистки од Македонија, Србија и Косово“ што се одржа на 09.05.2013 во Х. Холидеј Ин,Скопје, околу 80 лидерки и активистки за родова рамноправност и претставнички од институциите за еднакви можности од Македонија, Србија и Косово, разменија искуства и позитивни пракси во однос на постигнувањата на полето на родова рамноправност и дискутираа за факторите за успешно регионално поврзување и соработка.
Преку учество во работни групи и пленарни сесии, активистките за родова рамноправност и женски права имаа можност да ги дефинираат заедничките приоритети и клучни области за развивање на регионални иницијативи и партнерства, со цел, интегрирање и зголемување на учеството на жените во јавната, политичката и економската сфера во регионот на Западен Балкан.
Конструктивните препораки и заклучоци кои произлегоа од конференцијата, се насочени кон натамошно унапредување и продлабочување на регионалното поврзување и зајакнување на женската солидарност и активизам, со фокус на идентификуваните проблеми и потреби со кои се соочуваат жените од регионот.
Kонференцијата беше реализирана во рамките на проектот „Поврзување и зајакнување на женските граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова рамноправност“ кој е поддржан од Европската Комисија, и имплементиран од партнерските организации: Женска граѓанска иницијатива АНТИКО – Македонија, Партнери за интернационална демократска промена – Белгија, Хелсиншки комитет за човекови права од Србија и Партнерски центар за менаџирање на конфликти од Косово.
|
|
|
|
|
|
|
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! |
|
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот |
|
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции |
|
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО |
|
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ |
|
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство |
|
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ |
|
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 |
|
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош |
|
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 |
|
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 |
|
06.12.2017 - Општина Теарце- |
|
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ |
|
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 |
|
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ |
|
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ |
|
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - |
|
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ |
|
|
|