|
|
ГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА ЖЕНИТЕ РОМКИ ВО НАПОРИТЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЦИПАЦИЈА ! Датум: 21.2.2013 |
|
|
На јавната расправа на тема „Учество на жената Ромка во политиката“ што се одржа на 21.02.2013 , во Хотел Порта, Скопје, земаа учество 40 претставници/чки на ромските политички партии, пратеници од Собранието на РМ, членови/ки на граѓански организации и млади активисти студенти, кои дебатираа по прашањата за учеството на жените Ромки во јавниот и политичкиот живот.
Присутните ги поздрави г-ѓа Силва Пешиќ, Советничка за човекови права од Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права, а вовед во темата дадоа и г-ѓа Мирдита Салиу - Раководителка на Сектор за еднакви можности на мажите и жените при МТСП, Алма Мустафовска Салимовска, независна експертка и претставнички од ЖГИ АНТИКО.Беше констатирано дека нема поголем напредок во однос на политичката партиципација на жените Ромки, споредбено со минатите години. Како фактори на влијание за ваквите состојби беа посочeни традиционалните обичаи, родовите стереотипи за улогата на жените во семејството и општеството, како и недовербата на лидерите и машките членови на ромските политички
Препораките кои произлегоа од јавната расправа, се однесуваат на неколку клучни прашања и насоки за унапредување на еднаквите можности за жените Ромки: континуирана едукација на жените и зголемување на родовата свесност; надминување на постоечките стереотипи и предрасуди кај ромската популација; поголем ангажман на граѓанските организации и ромските политички партии во анимирањето на жените за политички и јавен активизам; поголема застапеност на жените во внатрепартиските структури; формирање на лоби група на жени Ромки од различни политички партии, кои ќе лобираат за интересите на жената Ромка; родово сензибилизирање на членовите на ромските политички партии и гласачкото тело.
Присутните имаа можност да се запознаат со содржината на Манифестот кој произлезе како продукт од јавните акции на неформалните младински групи и да ја дадат својата поддршка преку негово потпишување. Манифестот ќе биде доставен до ромските политички партии и сите засегнати страни.
Јавната расправа како завршна активност на проектот „ Жените Ромки тоа го можат 2“, имаше за цел споделување на постигнатите резултати и искуства од спроведените активности, како и иницирање на предлози и препораки за преземање на идни чекори за вклучување на родовата димензија во јавниот и политичкиот активизам на жените Ромки. Проектот се реализираше со поддршка на Канцеларијата на Високиот Комесар за човекови права на ОН- Женева во периодот од септември 2012 – февруари 2013.
|
|
|
|
|
|
|
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! |
|
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот |
|
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции |
|
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО |
|
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ |
|
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство |
|
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ |
|
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 |
|
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош |
|
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 |
|
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 |
|
06.12.2017 - Општина Теарце- |
|
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ |
|
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 |
|
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ |
|
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ |
|
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - |
|
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ |
|
|
|