Во периодот ноември – декември 2012 година, во рамките на проектот „Жените Ромки тоа го можат“ беа имплементирани 8 работилници со млади Роми/ ки. Проектот има за цел да даде придонес кон зголемување на бројот на жени Ромки во јавниот и политичкиот живот во Република Македонија и вклучува повеќе активности. На работилниците присуствуваа 36 учесници кои ги зајакнаа капацитетите за родови прашања, јавен активизам, како и за препознавање на родовите проблеми и потреби и преземање соодветни акции во заедницата за подобрување на учеството на жените Ромки во јавниот и политичкиот живот.
Активностите се спроведоа според следнава динамика: на 17 и 18 ноември, две работилници на тема - Родови концепти и човекови/женски права во х. Вип , Скопје, на 24 и 25 ноември, две работилници на тема - Лидерство, во х. Вип , Скопје, на 01 и 02 декември, две работилници на тема - Техники на лобирање и јавно застапување во х. Порта, Скопје, на 08 и 09 декември, две работилници на тема - План за подготовка и спроведување на јавни акции во заедницата, во х. Порта, Скопје. Беа разменети различни идеи и ставови, но и искуства и практики од секојдневниот живот во однос на неповолната положба на жените Ромки, како резултат на недоволното образование, лошата економска состојба и невработеноста, предрасудите и стереотипите, како и традиционалните вредности кои се присутни кај ромската популација.Учесниците истакнаа дека самите жени не се заинтересирани за активизам и учество во политиката, но исто така немаат поддршка од семејствата, ниту од политичките партии за да можат да се мотивираат и напредуваат во политичката кариера.
Од самите дискусии произлегоа и одредени предлози за јавни акции, кои подетално се разработија за време на работилниците на тема - План за подготовка и спроведување на јавни акции во заедницата. Со имплементацијата на јавните акции, целната група има можност практично да ги примени стекнатите знаења од областа на лобирањето, јавното застапување и лидерството.
|