|
|
Jавни дебати/тркалезни маси, со претставници на различни политички партии во локалните заедници Датум: 28.12.2012 |
|
|
Во месеците октомври и декември 2012 беа реализирани 12 јавни дебати / тркалезни маси со претставници на различни политички партии во 11 локални заедници (Липково 16.10.2012; Могила 16.10.2012; Куманово 07.12.2012; Гостивар 08-12-2012; Кичево 12.12.2012; Пробиштип 12.12.2012; Тетово 12.12.2012; Ресен 13.12.2012; Тетово 14.12.2012; Битола 15.12.2012; Велес 17.12.2012; Струга 21.12.2012;) на тема „Локални избори 2013 – предизвици и можности за зголемување на бројот на жените на градоначалнички и советнички позиции“. Јавните дебати беа фацилитирани од локални ресурси – соработнички од локалните заедници и членки на мрежата на Антико, а вкупно учествуваа 182 претставници/чки од различни политички партии.
Периодот на реализација на овие активности се совпадна со иницијативата на Антико и партнерите за зголемување на учеството на жените во структурите на локалната власт, односно воведување на механизми /квоти за избор на жени градоначалнички. Имајќи предвид дека во месец март 2013 ќе се одржат и Локалните избори, Антико се определи за тема со која ќе даде придонес кон зголемување на учеството на жените во структурите на одлучување на локално ниво, и поттикнување на политичките субјекти за преземање на соодветни мерки и ефективни решенија со кои ќе обезбедат еднакви можности за жените во локалните политички процеси. Значајно е да се истакне дека иницијативата беше поздравена и поддржана од претставниците/чките на политичките партии, а препораките и заклучоците од јавните дебати ќе бидат проследени до раководствата на политичките партиии и застапувани во рамките на Кампањата, со која Антико и понатаму продолжува.
|
|
|
|
|
|
|
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! |
|
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот |
|
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции |
|
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО |
|
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ |
|
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство |
|
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ |
|
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 |
|
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош |
|
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 |
|
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 |
|
06.12.2017 - Општина Теарце- |
|
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ |
|
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 |
|
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ |
|
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ |
|
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - |
|
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ |
|
|
|