Во периодот септември - декември 2012, вкупниот број на ангажирани волонтери во организациите на мрежата на АНТИКО изнесува 74. Ова, претставува позитивно искуство и за младите активисти и за организациите ментори од аспект на размена на идеи, искуства и ставови, како и поради меѓусебната поддршка во текот на реализацијата на активностите. Организациите кои ангажираат волонтери, располагаат со зголемен обем на човечки ресурси потребни за организирање и спроведување на активностите, имаат прилив на свежи идеи и информации кои волонтерите од своето сопствено искуство ги споделуваат со тимовите на организациите.
Волонтерите се едуцираат, стекнуваат нови знаења и вештини, се надградуваат и ги шират сопствените видици, а воедно имаат прилика да бидат општествено активни и да се стекнат со искуства кои ќе им користат понатаму на професионален и личен план во животот. Волонтерите беа вклучени во различни видови на активности. Програмата придонесува кон зголемена иницијативност, подобрен граѓанскиот активизам и меѓуетничката соработка на младите во заедницата.
|