На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thonза зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.
Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни
Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests,,ЖГИ АНТИКО Скопје учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...
На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.
На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.
Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.
Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.
Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.
Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.
Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.
Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.
Изложба и промоција на каталог на рачни изработки на жените од руралните средини - локална акција, општина Крушево - 11.5.2012
На 10.05.2012 година како дел од локалната акција „Идејата води кон иднина“ во општина Крушево се одржа изложба на рачни изработки на жените од руралните средини, на која присуствуваа 48 лица (жени од целната група, градоначалникот и претставници од локалната самоуправа, претставници од бизнис секторот и НВО, претставнички од извршната канцеларија на Антико и локалниот тим од Крушево). Изложбата имаше за цел да се промовираат женскиот труд и креативност и да се испита заинтересираноста на граѓаните и деловните субјекти за овие производи и можностите за нивниот пласман на пазарот. Жените кои ги изработиле имаа можност да ги запознаат присутните со намената на нивните производи, материјалите од кои се изработени, како се одвива процесот на со ......
Tренинг работилница за градење на капацитети на жени лидерки на тема - Проектен менаџмент - 08.5.2012
Vо периодот од 5 – 7 мај 2012 во Хотел Климетица – Охрид, се одржа Тренингот за Проектен менаџмент беше реализиран во рамките на проектот „Поврзување и зајакнување на женските граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова рамноправност“ поддржан од Европска Комисија, во партнерство со PDCI – Белгија, Хелсиншки комитет за човекови права од Србија и ПМНК од Косово. На тренингот учествуваа 20 претставнички /жени лидерки од таргетираните општини Кичево и Тетово ( жени на раководни позиции и активни жени од НВО, од институциите на локалната власт, политички партии, медиуми и бизнис секторот).
Тренингот беше фокусиран на важноста на интерсекторската соработка и поврзувањето на различни актери во решавањето на про ......
Работилница на тема ,,Вмрежување и подобрување на мрежното работење,, со членките на координативното тело на мрежата на Антико - 07.5.2012
Во х. Климетица во Охрид, на 06.05.2012, ЖГИ Антико организираше еднодневна работилница за членките на координативното тело на мрежата, на тема: „Вмрежување и подобрување на мрежното работење„.На работилницата присуствуваа 8 претставнички на координативното тело, а работилницата беше фацилитирана од страна на Ѓунер Небиу, исто така членка на ова тело. Учесничките имаа можност да ги потврдат и да ги надополнат своите знаења за градењето на мрежи и коалиции, целите на ваквото поврзување, кои се предностите и негативните страни на ваквите здружув ......
Работилници со претставници/чки на ЕЛС - 30.4.2012
По успешно спроведените 40 работилници во 10 – те скопски општини во текот на 2011 година, ЖГИ АНТИКО и во 2012 год. продолжува да реализира активности за зајакнување на капацитетите на претставниците на единиците на локалната самоуправа за креирање на родово сензитивни политики и нивна имплементација во пракса.
Првите шест работилници беа реализирани во: општина Штип (14.03.2012) со 12 учесници, на темите - Родово буџетирање и Планирање и подготовка на акциски планови за родова рамноправност, општина Ресен (18.04.2012) каде земаа учество 12 претставници од ЕЛС и се разговараше на темите – Институционална и правна рамка за родова рамноправност и Планирање и подготовка на локални акциски планови за родова рамноправност и општина Зелени ......
СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ЗЕЛЕНИКОВО НА ПОЛЕТО НА ЕДНАКВИТЕ МОЖНОСТИ - 24.4.2012
Во соработка со општина Зелениково, на 24.04.2012 во просториите на оваа општина беа организирани две тематски работилници за зајакнување на капацитетите на родовите комисии и останатите претставници на локалната самоуправа. 10 учеснички имаа можност да се запознаат со Основите за дискриминација и мерките за превенција и заштита, како и со правната рамка и механизмите за родова рамноправност во Република Македонија.
Во контекст на темите се дискутираше за различните форми на дискриминација насочени кон жените и како да се надминат истите. Учесничките презентираа примери и искуства од праксата и истакнаа дека потребни се континуирани заложби за да се елиминараат ваквите појави. Бидејќи, општина Зелениково е рурална општина, стана збор за пр ......