Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Изложба и промоција на каталог на рачни изработки на жените од руралните средини - локална акција, општина Крушево
Датум: 11.5.2012
 
На 10.05.2012 година како дел од локалната акција „Идејата води кон иднина“ во општина Крушево се одржа изложба на рачни изработки на жените од руралните средини, на која присуствуваа 48 лица (жени од целната група, градоначалникот и претставници од локалната самоуправа, претставници од бизнис секторот и НВО, претставнички од извршната канцеларија на Антико и локалниот тим од Крушево). Изложбата имаше за цел да се промовираат женскиот труд и креативност и да се испита заинтересираноста на граѓаните и деловните субјекти за овие производи и можностите за нивниот пласман на пазарот. Жените кои ги изработиле имаа можност да ги запознаат присутните со намената на нивните производи, материјалите од кои се изработени, како се одвива процесот на создавање и сл. На изложбата беше промовиран каталогот со рачните изработки ( печатен во 500 примероци на англиски, македонски и албански јазик), во кој се претставени фотографии од рачните изработки на жените и поважни информации за самиот производ. Промотивниот материјал беше дистрибуиран помеѓу учесниците на настанот, во останатите локлани заедници преку мрежата на Антико, а ќе се дистрибуира на туристите кои го посетуваат градот Крушево, во амбасадите, меѓународните организации, на саеми, настани и помеѓу бизнис секторот, што отвора можност пошироко да бидат промовирани изработките на жените и да се зголеми интересот за истите од страна на деловните субјекти или приватни лица. Каталогот е значаен чекор во напорите да се привлечат што повеќе заинтересирани субјекти кои на било кој начин ќе ја поддржат креативноста на жените – со купување на производите, пренесување на информациите, дополнително инвестирање и поддршка на жените и сл.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.