Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
недела, 28 април 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
Форум на тема „ Поддршка на женскиот труд“ - 24.4.2012
Оваа активност е дел од локалната акција на жените од Крушево и се реализираше во соработка и со поддршка на локалната самоуправа. Форумот на тема „Поддршка на женскиот труд“ се одржа на 23.04.2012, со 30 учесници од граѓанскиот сектор, локалната власт, Агенцијата за вработување, бизнис секторот и целните групи.Целта на овој настан е да се отворат прашањата за економското зајакнување на жените од руралните средини пред засегнатите страни во општината и да се развие дискусија за можностите за самовработување и вклучување на овие жени на пазарот на трудот. На форумот беа презентирани позитивни примери од страна на жени од Крушево кои работат на изработка и пласман на рачни изработки, се разговараше за можностите за финансирање / кредитирање н ......
 
Работилници во рамките на локалната акција во Крушево - 23.4.2012
Во рамките на локалната акција во Крушево, се одржаа две едукативни работилници ( на 18.04. и 19.04.2012 год.) на темите - Практична изработка на бизнис план и Пласман на рачни изработки. На работилниците учествуваа 22 жени од руралните средини - Саждево, Јакреново, Норово, Белушино, Борино, Пуста Река, Острилци и од градот Крушево, кои ги надоградија своите знаења и вештини за развивање на бизнис планови и се запознаа со можностите за успешен пласман на нивните производи и услуги на пазарот. Особено внимание се посвети и на мотивацијата на жените, зголемување на самодовербата и нивно охрабрување, за активно вклучување во економските процеси..Жените поседуваат креативност и вештини, кои имаат своја вредност и со сопствениот труд можат да п ......
 
Национален акциски план за имплементација на РСБОН 1325 - 23.4.2012
Две претставнички на АНТИКО, активно партиципираа во техничката работна група ( формирана при МТСП – Сектор за еднакви можности) за изработка на Национален акциски план за имплементација на РСБОН 1325 (за период 2012-2015). Преку континуирано учество на работните средби, членките на АНТИКО дадоа придонес во креирањето на содржината на планот, идентификувањето на приоритетите и интересите на граѓанскиот сектор и формулацијата на секторските активности и индикаторите кои имаат за цел: - Унапредување на родовата рамноправност, првенција од родово базирано насилство и појава на конфликти во заедниците, како и заштита на човековите права; - Соработка и поврзување на НВО за имплементација на Рез.1325 ; - Градење на капацитети – тренинзи и ......
 
ПОКРЕНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛЕН АКЦИСКИ ПЛАН ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ ВО ОПШТИНА РЕСЕН - 18.4.2012
Претставничките на АНТИКО, Даница Јованова и Зурија Саит на 18.04.2012 година фацилитираа две работилници на кои земаа учество 12 претставници на родовите комисии и државната администрација на општина Ресен, на темите – „ Институционална и правна рамка за родова рамноправност “ и „Планирање и подготовка на локални акциски планови за родова рамноправност“. Активната партиципација на учесниците придонесе да се отворат голем број прашања од областа на родовата проблематика, да се развие дискусија околу приоритетните потреби во општината на ова поле и да се покренат иницијативи за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите. Претставниците на општината дадоа интересни и конструктивни предлози како да се подобрат општите состојби в ......
 
Тренинзи за политичко јакнење на жени Ромки - „Жените Ромки тоа го можат“ - 02.4.2012
Со имплементацијата на проектот „Жените Ромки тоа го можат“, поддржан од ОСИ- Будимпешта , АНТИКО даде придонес во содавање на можности и перспективи за зголемување на јавниот активизам и политичката партиципација на жените Ромки.. Првиот тренинг се одржа во периодот од 16-18.03.2012 година во хотел Солферино,Струга, со 16 млади жени Ромки, претставнички на 4 ромски политички партии и активистки од граѓански организации, кои се стекнаа со знаења и вештини од областа на родовите концепти и политичкиот активизам. Тренингот го фацилитираа Сонѓул Шабан Ахмед и Фетија Демировска – експертки за родови прашања ( Центар на роми на град Скопје) Во периодот од 30.03. – 01.04.2012 во Хотел Климетица – Охрид, со 18 нови членки од ромските политички ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.