Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
недела, 22 декември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
ПРЕТСТАВНИЧКИ НА ЦЕЛНИТЕ ГРУПИ, ЗАЕДНО СО ГРАДОНЧАЛНИК И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ, РЕАЛИЗИРАА СТУДИСКА ПОСЕТА ВО АЛБАНИЈА - 30.3.2012
Во периодот од 27 – 29.03.2012 година, ЖГИ АНТИКО организираше студиска посета во Елбасан, Р.Албанија. Целта на посетата беше размена на искуства и добри практики во однос на реализираните успешни иницијативи за родово буџетирање и социјалното вклучување на жените од руралните средини на Општина Елбасан . Групата којашто патуваше во Елбасан беше составена од 21 лице: претставнички од целните групи/ жени од етничките малцинства од руралните средини – Крушево и Теарце, претставнички од локалната самоуправа – членки на родовите комисии, советн ......
 
Програма за обука на волонтери во граѓанските организации членки на мрежата за Антико - 30.3.2012
Во првиот квартал од 2012 год. АНТИКО продолжи со спроведување на програмата за обука на волонтери, кои беа вклучени во активностите кои ги имплементираат организациите , но и самите волонтери беа креатори и иницијатори на активности, кои ги спроведоа со поддршка од нивните менторски организации. За време на извештајниот период, Антико поддржа менторска асистенција на 69 млади лица кои волонтираа во организациите членки на мрежата на Антико.Тие иницираа или учествуваа во различни спроведени активности во заедницата. Некои од волонтерите кои веќе подолг период се вклучени во работата на организациите, самите предлагаат теми и фацилитираат едукативни настани, што претставува одлична можност за надградба на нивните индивидуални капацитети, ......
 
Работни средби со градоначалниците на општините Теарце и Крушево - 16.3.2012
Средбата со градоначалникот на општина Крушево се одржа на 12.03.2012 и на неа присуствуваа 6 учесници (градоначалник на општина Теарце, локална координаторка и организаторка, координаторка и организаторка на проектот, координаторка на КЕМ). Во Теарце, средбата со градоначалникот се одржа на 15.03.2012. Теми на состаноците: Информирање за локалната акција организирана од страна на целната група на родовите прашања (како и на кој начин ЛС ќе може да помогне во нејзината реализација) и информирање за студиската посета во Елбасан. Работните средби- лобирање и јавно застапување кај градоначалниците на општините Теарце и Крушево, се редовни активности на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – I ......
 
Студиска посета на Единицата на локална самоуправа Битола - 29.2.2012
На 29.02.2012 АНТИКО организираше студиска посета за своите целни групи во општина Битола. Студиската посета имаше за цел, размена на искуства и добри практики во однос на родовото буџетирање и подобрувањето на положбата на жените од маргинализираните групи, преку креирање родово сензитивни политики и програми за социјална инклузија. Вкупно 22 учесници/чки од општините Теарце и Крушево (претставници/чки од ЕЛС, претставнички од целните групи и локалните тимови од истите општини, како и две претставнички од работниот тим на АНТИКО), имаа можн ......
 
Основна проценка на фактичката состојба на полето на родовата рамноправност во Тетово и Кичево - 24.2.2012
Теренското истражување во Тетово и Кичево беше спроведено во периодот јануари – февруари 2012, од страна на тимот на ЖГИ АНТИКО и во соработка со две локални организации, членки на мрежата. Активноста е планирана во проектот „Поврзување и зајакнување на женски граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова рамноправност” ( поддржан од Европската Комисија). Истажувањето имаше за цел да обезбеди релевантни податоци за родовата еднаквост во овие две општини и идентификување на проблемите и потребите на целните групи во клучните сектори( со цел да се превземат адекаватни мерки и активности за подобрување на ситуацијата) Врз основа на добиените податоци подготвен е извештај „Основна проценка на фактичката состој ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.