Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
ПРЕТСТАВНИЧКИ НА ЦЕЛНИТЕ ГРУПИ, ЗАЕДНО СО ГРАДОНЧАЛНИК И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ, РЕАЛИЗИРАА СТУДИСКА ПОСЕТА ВО АЛБАНИЈА
Датум: 30.3.2012
 
Во периодот од 27 – 29.03.2012 година, ЖГИ АНТИКО организираше студиска посета во Елбасан, Р.Албанија. Целта на посетата беше размена на искуства и добри практики во однос на реализираните успешни иницијативи за родово буџетирање и социјалното вклучување на жените од руралните средини на Општина Елбасан . Групата којашто патуваше во Елбасан беше составена од 21 лице: претставнички од целните групи/ жени од етничките малцинства од руралните средини – Крушево и Теарце, претставнички од локалната самоуправа – членки на родовите комисии, советнички, локална администрација, претставници од АНТИКО и градоначалникот на општина Крушево, г-н Василчо Дамчески. Во тродневната посета се остварија средби со градоначалникот на општина Елбасан, г-н Ќазим Сејдини, претставници од Секторот за социјални грижи и родови прашања и Управата за развој при општината, како и со две невладини организации кои соработуваат со локалната власт и се вклучени во процесите на воведувањето на родовото буџетирање во општината. Учесниците го посетија и најголемиот регион на општина Елбасан (општината е поделена на 6 региони) и се сретнаа и со градоначалникот на овој регион г- н Фатмир Водулаи. Освен средби со претставници од институциите се реализираа и состаноци со невладини организации. Студиската посета беше позитивно оценета од сите вклучени страни. Средбите придонесоа, учесниците да разменат информации и знаења, да споделат искуства и добри практики, како и да воспостават меѓусебна соработка во однос на идни партнерства за реализација на заеднички регионални иницијативи и проекти. Претставничките од Македонија посебно се интересираа за искуствата на општина Елбасан во однос на родовото буџетирање, кое успешно се спроведува веќе пет години на територијата на оваа општина, потоа за проблемите и потребите на жените од руралните подрачја во однос на економското зајакнување на жените. Посетата е активност на проектот ,,Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство - III“ финансиски е поддржан од UN WOMEN во рамките на Годишната програма на ЖГИ АНТИКО поддржана од програмата ,,Civica Mobilitas’’, имплементирана од Центарот за институционален развој ЦИР-а и финасисрана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (SDC).
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.