|
|
ПОКРЕНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛЕН АКЦИСКИ ПЛАН ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ ВО ОПШТИНА РЕСЕН Датум: 18.4.2012 |
|
|
Претставничките на АНТИКО, Даница Јованова и Зурија Саит на 18.04.2012 година фацилитираа две работилници на кои земаа учество 12 претставници на родовите комисии и државната администрација на општина Ресен, на темите – „ Институционална и правна рамка за родова рамноправност “ и „Планирање и подготовка на локални акциски планови за родова рамноправност“.
Активната партиципација на учесниците придонесе да се отворат голем број прашања од областа на родовата проблематика, да се развие дискусија околу приоритетните потреби во општината на ова поле и да се покренат иницијативи за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите.
Претставниците на општината дадоа интересни и конструктивни предлози како да се подобрат општите состојби во однос на политиките и нивната имплементација, и ги истакнаа позитивните аспекти и ресурси на општината, во однос на економското зајакнување на жените.
Од страна на фацилитаторките им беше понудена поддршка и консултации за изработка на локалниот акциски план за родова рамноправност ( во моментов нема таков план) заради што, за време на втората работилница беше направена проблемска анализа и се разговараше за изборот на приоритетни области.
Учесниците детално беа информирани за потребата од назначување на координатор за еднакви можности, што претставува законска обврска на општинската власт, како и за неговите ингеренции и надлежности. Паралелно со изработката на планот, беше договорено да се иницира и прашањето околу изборот на координатор за еднакви можности во општината, кој во соработка со родовата комисија во наредниот период ќе се фокусира на практичната реализација на активностите инкорпорирани во новиот акциски план.
|
|
|
|
|
|
|
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! |
|
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот |
|
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции |
|
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО |
|
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ |
|
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство |
|
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ |
|
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 |
|
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош |
|
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 |
|
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 |
|
06.12.2017 - Општина Теарце- |
|
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ |
|
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 |
|
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ |
|
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ |
|
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - |
|
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ |
|
|
|