Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
недела, 19 мај 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
РАБОТИЛНИЦА „СТОП ЗА СЕМЕЈНОТО И РОДОВОТО НАСИЛСТВО“ 20.05.2014 - 20.5.2014
На ден 20. 05. 2014 година, во просториите на здружението МИР од Скопје, АНТИКО одржа работилница на тема „СТОП за семејното и родовото насилство“ со цел подигнување на свеста кај младите луѓе за деструктивноста која семејното и родовото насилство ја предизвикуваат во животите на жртвите, нивните семејства и во општеството генерално. Работилницата беше посетена од 17 ученички од основните училишта кои меѓусебно ја споделија загриженоста од честата појава на овие видови на насилство во нашата земја и покажаа голема зрелост во размислувањата за н ......
 
МЛАДИТЕ УЧЕНИЦИ МУ КАЖАА „СТОП“ НА СЕМЕЈНОТО И РОДОВОТО НАСИЛСТВО - 19.12.2013

Младите ПЕЕР едукатори, на ден 18 декември 2013 година, на учениците од основното училиште „Никола Вапцаров“ од Скопје, им одржаа работилница за подигнување на свеста кај учениците за сериозноста на проблемот со родовото и семејното насилство. На работилницата учествуваа 26 учесници кои, многу зрело за својата возраст, ја сваќаа оваа проблематика и упатија порака за поголема толеранција и искоренување на оваа општествена „болест“. Оваа работилница е дел од циклусот на работилници кои ги организираа средношколците кои ......

 
„НЕ ЗА УШТЕ ЕДНА ЖРТВА! СТОП ЗА РОДОВОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО!“ - 06.12.2013
На 10. 12. 2013 год. (вторник) со почеток во 12:00 часот, на повеќе локации низ Скопје (Стара Скопска Чаршија, Плоштад Македонија, Веро Џамбо Центар, Сити Мол) и во дел од останатите градови во Македонија, ЖГИ АНТИКО со младите активисти – средношколци, во рамките на меѓународната кампања :,, 16 дена активизам против насилството врз жените “ ќе го дадат својот придонес кон елиминирање на родовото и семејното насилство преку делење на 20.000 примероци на едукативни, промотивни и информативни материјални под мотото: „НЕ за уште една жртва! СТОП з ......
 
СТУДЕНТИТЕ ПОВИКАА НА БОРБА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО И РОДОВОТО НАСИЛСТВО: НЕ ЗА УШТЕ ЕДНА ЖРТВА! - 05.12.2013

На 5 декември 2013 година, во Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје, ПЕЕР едукаторите на студентите од овој институт им одржаа работилница на која беа опфатени теми од препознацањето и превенцијата на семејното и родовото насилство. На работилницата присуствуваа 23 студенти кои подлабински се запознаа со деструктивноста на овие социјални и општествни проблеми и дознаа повеќе начини преку кои тие можат да придонесат кон нивно спречување и искоренување. Оваа работилница е дел од циклусот на раб ......

 
НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „ПРЕКУ МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ КОН СОЖИВОТ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА“ - 03.12.2013

На 03.12 .2013 во Хотел ‘’ Александар Палас“ беше организирана Национална конференција на тема: „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“. На настанот свое официјално обраќање имаa Н.Е. Г-дин Авио Орав, Амбасадор на Европската Делегација, Г-дин Сафет Незири, заменик министер за образование и наука и Н. Е. Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ. Националната конференција имаше за цел да ги сумира резултатите од проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите&ldquo ......

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.