На 03.12 .2013 во Хотел ‘’ Александар Палас“ беше организирана Национална конференција на тема: „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“. На настанот свое официјално обраќање имаa Н.Е. Г-дин Авио Орав, Амбасадор на Европската Делегација, Г-дин Сафет Незири, заменик министер за образование и наука и Н. Е. Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ. Националната конференција имаше за цел да ги сумира резултатите од проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите“ кој е фокусиран на застапување на политики и подобрување на теоријата и праксатаво градењето на мирот во заедницата. На конференцијата се дискутираше за имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование а различните засегната страни разменија ставови за различни искуства, добри практики, постигнати резултати и предизвици.
Заклучоците и препораките од конференцијата ќе се користат за спроведување на Стратегијата за интегрирано образование, во наставните програми и активности но и надвор од училиштата. На конференцијата присуствуваа повеќе од 100 учесници, претставници на меѓународни организации, Министерството за образование и наука, градоначалници, директори на училишта, претставници од невладини организации, професори, претставници од совети на родители, студенти, средношколци. Проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите“ финансиски е поддржан од Европска Унија во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) а е во имплементација на Женската граѓанска иницијатаива АНТИКО и партнер организацијата ,,Мултикултура,,.
|