Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
вторник, 07 мај 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
ОДРЖАНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „СПОДЕЛЕНОТО РОДИТЕЛСКО ОДСУСТВО КАКО СРЕДСТВО ЗА ПОДОБРЕНА РОДОВА ЕДНАКВОСТ“ - 28.5.2014

На ден 28. 05. 2014 во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје, беше одржана панел дискусија на тема „Споделеното родителско одсуство како средство за подобрена родова еднаквост“. Целта на оваа дискусија беше да се споделат и споредат искуствата, концепти и политиките на Македонија и Шведска во областа на сподлувањето на родителското одсуство помеѓу двајцата родители и развојот на практицирањето на родовата рамноправност во овие две земји.

Предавач на панелот беше г-ѓа Барбро Хедвал, истакната новинарка и поранешна колумнистка во н ......

 
СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД ДЕЛЧЕВО РЕКОА „СТОП ЗА ДОМАШНОТО И РОДОВОТО НАСИЛСТВО“ - 24.5.2014
На 24.05.2014, ЖГИ АНТИКО ја имплементираше петтата работилница на тема „СТОП за домашното и родовото насилство“. Работилницата беше организирана за средношколците и средношколките од Делчево и беше одржана во простприите на невладината организација Бравура Кооператива од Делчево. Работилницата беше организирана со цел да се подигне свеста помеѓу младите луѓе за деструктивноста која домашното и родовото насилство ја носат со себе и за сериозноста на проблемите кои ги предизвикуваат. Учесниците ја споделија својата загриженост за зачестеноста на ......
 
РАБОТИЛНИЦА „СТОП ЗА ДОМАШНОТО И РОДОВОТО НАСИЛСТВО“ ВО ДЕЛЧЕВО - 23.5.2014
ЖГИ АНТИКО на 23.05.2014, ја организираше четвртата работилница на тема „СТОП за домашното и родовото насилство“. Работилницата беше организирана во просториите на НВО КХАМ од Делчево и нејзината цел беше да го информира локалното население за причините и последиците од домашното и родовото насилство и да ја подигне свеста во однос на сериозноста на овој проблем. На работилницата присуствуваа 20 учесници од Делчево кои беа активно вклучени, дискутираа за видовите на домашно и родово насилство, ризиците и последиците, превенција и заштита како и ......
 
СПРОВЕДЕНА РАБОТИЛНИЦА ПРОТИВ ДОМАШНОТО И РОДОВОТО НАСИЛСТВО ВО ОПШТИНА ПЕХЧЕВО - 23.5.2014
На 23.05.2014, ЖГИ АНТИКО ја спроведе третата работилница на тема„СТОП за домашното и родовото насилство“. Работилницата беше организирана во основното училиште во село Црник, општина Пехчево, и беше посетена од 20 учесници од селото. Учесниците ја споделија својата загриженост за зачестеноста на овој вид на насилство во нашата земја, дискутираа за причините кои водат до овој вид на ансилство и начините за нивно искоренување. Работилницата беше органиирана со цел да се подигне свеста помеѓу луѓето за деструктивноста која семејното и родовото на ......
 
РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИ МАЈКИ: СТОП ЗА СЕМЕЈНОТО И РОДОВОТО НАСИЛСТВО“ - 21.5.2014
На ден 21.05.2014 година, ЖГИ АНТИКО ја спроведе втората работилница на тема „СТОП за родовото и семејното насилство“. Работилницата беше реализирана во просториите на здружението МИР од Скопје и беше наменета за млади мајки од општина Чаир, кои видно ја искажаа својата загриженост од овие крајно негативни општествени проблеми. Младите мајки беа активно вклучени за време на целата работилница и дисуктираат за видовите на семејно и родово насилство, ризиците и последиците кои тие ги носат со себе, начините на препознавање, заштита и превенција н ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.