|
|
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018
На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.
Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни |
|
|
|
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018
Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ... |
|
|
|
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018
На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.
На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS. |
|
|
|
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018
Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.
Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.
Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS. |
|
|
|
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018
Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.
Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.
Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Ученици од Вратница дадоа придонес во борбата против родовото и семејното насилство - 04.12.2014 |
Во рамките на кампањата „16 дена активизам против семејното и родовото насилство“, ЖГИ АНТИКО и студентите од Институтот за родови студии, во основното училиште „Симче Настовски“ Вратница, организираа работилница насловена како „Младите за живот без родово и семејно насилство“. Работилницата беше реализирана на ден 04.12.2014 и на неа присуствуваа 20 ученици од 7, 8 и 9то одделение.
Адаптираната сорджина и вежби на работилницата беа фокусирани на запознавање на малдите луѓе со корените и последиците од семејното и родовото насилство ......
|
|
ЖГИ АНТИКО и студентите од Институтот за родови студии обедините во борбата против родовото и семејното насилство - 01.12.2014 |
Во рамките на меѓународната кампања „16 дена активизам против родовото и семејното насилство“, женската граѓанска иницијатива АНТИКО во соработка со студентите на Институтот за родови студии, во периодот од 1ви до 5ти декември, ќе реализираат низа на работилници и дебати со млади луѓе под мотото: „СТОП за родовото и семејното насилство!“.
Целта на овие работилници е фокусирана на подигнување на свеста кај младите луѓе за деструктивноста која родовото и семејното насилство ја предизвикува врз жртвите и нивните ......
|
|
Реакција на мрежата на ЖГИ АНТИКО во однос на измените за исплаќање на надоместокот на породилното отсуство - 03.11.2014 |
Мрежата на женската граѓанска иницијатива АНТИКО , е длабока загрижена во однос на новите законски измени и мерката која Владата плананира да го промени сегашниот начин на исплата на породилниот надоместок. Ние сметаме дека оваа мерка ќе ја влоши и така нееднаквата положба и постоечкиот јаз помеѓу жените и мажите во пазарот на трудот, и ќе создаде можност за дополнителна дискриминација на жените во ова поле.
Под знак на прашање е колку фирмите ќе сакаат да вработаат млади жени кои планираат да имаат деца. По наше мислење ова од ......
|
|
Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2013 година - 22.10.2014 |
На ден 22.10.2014 год. преставнички на ЖГИ АНТИКО учествувуваа на јавната расправа организирана од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија. На дневен ред беше Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2013 година.
На седницата покрај членовите/ките и замениците/чките на Комисијата, учествуваа пратеници/чки на Собранието на Република Македонија, преставници/чки од Министерството за труд и социјална политика, здравство, економија и образование и наука ......
|
|
ВО СОЛИДАРНОСТ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ЗА ЖЕНСКИ ПРАВА ОД ИРАК / IN SOLIDARITY WITH IRAQI WOMEN’S RIGHTS ORGANIZATIONS - 23.6.2014 |
ВО СОЛИДАРНОСТ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ЗА ЖЕНСКИ ПРАВА ОД ИРАК
Европската Феминистича Иницијатива (IFE – EFI) и MENA партнерите, покрај организациите за женски права од Ирак и регионот на Курдистан, работат заедно за застапување во Евро-Медитеранската политикча сцена за вредностите на еднаквоста помеѓу жените и мажите и барањето за признавање и спроведување на фундаменталните права на жените за целосно граѓанство. Тие развија заедничка акција основана на солидарност и за зајакнување на вредности на универзалност на правата на жените, ненаси ......
|
|
|
|