Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
ЖГИ АНТИКО и студентите од Институтот за родови студии обедините во борбата против родовото и семејното насилство
Датум: 01.12.2014
 

Во рамките на меѓународната кампања „16 дена активизам против родовото и семејното насилство“, женската граѓанска иницијатива АНТИКО во соработка со студентите на Институтот за родови студии, во периодот од 1ви до 5ти декември, ќе реализираат низа на работилници и дебати со млади луѓе под мотото: „СТОП за родовото и семејното насилство!“.

Целта на овие работилници е фокусирана на подигнување на свеста кај младите луѓе за деструктивноста која родовото и семејното насилство ја предизвикува врз жртвите и нивните семејства и врз општеството генерално, препознавање на корените на насилствата кои се длабоко всадени во половата нееднаквост како и запознавање со механизмите за заштита и превенција од овој вид на насилство. Темите кои ќе бидат обработени особен акцент ќе стават и на прашањето што е тоа што младите можат да го превземат во однос на превенцијата и заштитат од родовото и семејното насилство и на кој начин младинскиот активизам може да придонесе кон изградба на заедница во која е искоренето овој вид на насилство. Работилниците ќе бидат реализирани од страна на фасилитатори од ЖГИ АНТИКО и студентите од Институтот за родови студии. Со работилниците ќе бидат опфатени повеќе од 150 учесници, студенти/ки од факултетите во Скопје и ученици/ки oд 5 средни и основни училишта, на возраст од 13 до 25 години. Со цел пренесување на пораката и до пошироката јавност, ќе бидат поделени и информативни и едукативни материјали на повеќе локации во Скопје и Македонија.

Овие работилници се дел од активностите кои ЖГИ АНТИКО, во рамките на меѓународната кампања „16 дена активизам против родовото и семејното насилство“, ги спроведува секоја година на територијата на целата држава. Со овие работилници се придонесува кон една од цели на АНТИКО а тоа е сензибилизирање на младите за активно учество во заложбите за елиминрање на родовото и семејното насилство преку формирање на позитивни ставови за постигнувањето на родовата рамноправност и елиминирање на родовите предрасуди, стреотипи и насилство.

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.