|
|
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018
На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.
Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни |
|
|
|
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018
Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ... |
|
|
|
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018
На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.
На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS. |
|
|
|
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018
Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.
Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.
Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS. |
|
|
|
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018
Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.
Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.
Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Младите кумановчани/ки присуствуваа на работилница: „Родовото и семејното насилство – повреда на основните човекови права“ - 05.12.2014 |
Во склоп на активностите по повод меѓународната кампања „16 дена активизам против родовото и семејното насилство“, ЖГИ АНТИКО и студентите од Институтот за родови студии, организираа еднодневна работилница во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово. Работилницата ја посетија 27 ученици од 7, 8 и 9то одделение.
Младите ученици преку оваа работилница се запознаа со видовите на родово и семејно насилство, кои се последиците и кој е системот за заштита и превенција од овој вид на насилство во нашата зем ......
|
|
Младите средношколци од „Арсени Јовков“ му рекоа „НЕ!“ на семејното и родовото насилство - 05.12.2014 |
На 05.12.2014, во средното училиште „Арсени Јовков“ во општина Бутел, беше реализирана работилница на тема: „Со младински активизам кон искоренување на семејното и родовото насилство“. Работилницата беше организирана од страна на АНТИКО и студентите од Институтот за родови студии од Скопје и беше дел од активностите за кампањата „16 дена активизам против родовото и семејното насилство“.
На работилницата присуствуваа 28 средношколци кои зедоа активно учество во спроведувањето на работилницата. Низ н ......
|
|
Поддршка во борбата против семејното и родовото насилство од страна на средношколците/ките од ДСД „Здравко Цветковски“ Скопје - 04.12.2014 |
Средношколците/ките кои се сместени во државниот средношколски дом „Здравко Цветковски“ во Скопје, на работилницата „СТОП за родовото и семејното насилство“, ја искажаа својата осуда за оваа деструктивна појава. Работилницата беше организирана на 04.12.2014 год. од страна на ЖГИ АНТИКО и студентите од Институтот за родови студии.
На работилницата, на која присуствуваа 20 средношколци од повеќе градови од државата, учесниците се запознаа со корените на семејното и родовото насилство, кобните последици кои ги пр ......
|
|
Студентите од ДСД „Томе Стефановски - Сениќ“ дебатираа за корените на родовото и семејното насилство и зајакнувањето на мерките за превенција и заштита - 04.12.2014 |
На 04.12.2014 год. Женската граѓанска иницијатива АНТИКО, во соработка со студентите од Институтот за родови студии во Скопје, реализира работилница со студентите кои се сместени во ДСД „Томе Стефановски - Сениќ“ во Скопје, на тема: Корените на родовото и семејното насилство и мерките за превенција и заштита. На работилницата присуствуваа 27 студенти од повеќе градови во Република Македонија.
Работилницата беше дизајнирана на начин кој иницира интерактивност меѓу студентите така што тие беа активни учесници во целиот проц ......
|
|
Основците од „Блаже Конески“ Аеродром порачаа: Младите треба да се залагаат за живот без семејно и родово насилство - 04.12.2014 |
ЖГИ АНТИКО во соработка со студентите од Институтот за родови студии, на ден 04.12.2014 реализираа работилница против семејно и родово насилство во основното училиште „Блаже Конески“ од Аеродром. Учесници на работилницата беа 25 ученици од 7, 8 и 9 одделение.
Работилницата беше дизајнирана со цел да им ги објасни причините и последиците од семејно и родовото насилство на малдите луѓе и преку вежби и примери адаптирани на нивната возраст, да им посочи дека сите заеднички треба да придонесеме кон искоренувањето на овој вид насилство. У ......
|
|
|
|