Младите ПЕЕР едукатори, на ден 18 декември 2013 година, на учениците од основното училиште „Никола Вапцаров“ од Скопје, им одржаа работилница за подигнување на свеста кај учениците за сериозноста на проблемот со родовото и семејното насилство. На работилницата учествуваа 26 учесници кои, многу зрело за својата возраст, ја сваќаа оваа проблематика и упатија порака за поголема толеранција и искоренување на оваа општествена „болест“. Оваа работилница е дел од циклусот на работилници кои ги организираа средношколците кои се вклучени во проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“.
Со овие работилница младите активисти - средношколците сакаат да го дадат својот придонес кон кампањата „16 дена активизам против семејното и родовото насилство“ и активно да се вклучат во третирањето на овој проблем. Овие активности се реализирани во рамките на проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“ чија главна цел е зголемување на улогата и активизмот на младите во промовирањето и практикувањето на вредностите на мултикултурализмот и соживотот во заедницата. Проектот финансиски е поддржан од Европска Унија во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) а е во имплементација на Женската граѓанска иницијатаива АНТИКО и партнер организацијата ,,Мултикултура,,
|