Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата
 
 
недела, 01 септември 2024
Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! - 12.6.2018

На 20ти јуни, 2018, со почеток од 17:00 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам меѓу кои и ЖГИ АНТИКО, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.

Идејата е да профилираме жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни

 
 
Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот - 18.5.2018

Во склоп на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - Joint Forces for Common Interests, ,ЖГИ АНТИКО Скопје  учествуваше на спроведување на активноста на герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на пешаците и зголемување на свеста за животната средина.Повеќе ...

 
 
Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции - 14.5.2018

На 12 и 13 мај 2018, во хотел Карпош, Скопје, беа одржани тренинг работилниците за креирање на Стратегија за комуникација и соработка на АНТИКО со ЕЛС и државните институции. Стратегијата беше креирана од страна на 17 конституентки на АНТИКО.

На овие тренинг работилници, беше разгледана потребата од интензивна и континуирана соработка со ЕЛС и државните институции и беа споделени практични искуства од досегашната комуникација и соработка но и позитивни примери и практики од ЕУ земјите членки. Врз основа на оваа анализа, како и на приоритетите на делување на мрежата, конституентките подоцна ги утврдија стратешките цели на стратегијата и изготвија акциски план за делување. Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО - 02.4.2018

Во периодот 30 март до 1 април 2018 година, во хотел Климетица Охрид, се организираше тридневен циклус на работилници за годишно планирање на АНТИКО, со конституентките на мрежата.

Целта на работилниците беше анализирање на надворешното и внатрешното опкружување на АНТИКО, утврдување на предностите и предизвиците со кои се соочува мрежата и идентификуцање на ризиците и наоѓање начин за нивно искоренување и менаџирање. Краен резултат на работилниците беше изготвување на годишна програма  на АНТИКО и креирање на 4 годишна Стратегија  за дејствување каде беа утврдени приоритетните области и стратешки цели на делување. Работилниците беа имплементирани со 11 конституентки на мрежата на АНТИКО.

Овие работилници беа поддржани од програмата за јакнење на институционалните капацитети на CIVICA MOBILITAS.

 
 
Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ - 29.3.2018

Во периодот 26-28 март 2018 година во хотел Порта Скопје, беше одржан циклус работилници наменат за суб-грантисти, во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“.

Целта на овој тренинг беше запознавање и подготовка на соб-грантираните граѓански организации, за успешна реализација на нивните проекти. Темите кои овие работилници ги опфатија беа од областа на менаџиреање и администрација на проектен циклус, видливост на проекти, буџетирање и финансии и воведување на родовите концепти во програмите и проектите на граѓанските организации. Работилниците беа посетени од 19 учесници, претставници суб-грантираните организации и нивните менторски организации.

Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија и е имплементиран од страна на АНТИКО, COSV и ЦГИ.

 
 
 
 
 
Работилници за зајакнувење на капацитетите на претставниците на ЕЛС - 30.8.2012

Во периодот мај – август 2012 година се одржаа 6 работилници за зајакнување на капацитетите на претставниците на единиците на локалната самоуправа за креирање на родово сензитивни политики и нивна имплементација во пракса, и тоа во општините Теарце, Пробиштип и Гостивар, со кои Антико потпиша Меморандум за соработка. Темите предизвикаа значителен интерес кај присутните учесници во двете општини и наметнаа многу прашања за дискусија, но, генерално, недостатокот на финансии беше истакнат како проблем, кој што ја оневозможува целосната реализација на програмите и плановите кои се однесуваат на родовата проблематика.

Првите две работилници се одржаа во општина Теарце на 29.05.2012 год. со 14 претставници на ЕЛС Теарце ( члено ......

 
Јавни трибини во локалните заедници за пристапот до институционалните механизми и заштита на правата на граѓаните од родова дискриминација - 30.8.2012

Во периодот мај – август 2012 година, ЖГИ АНТИКО организираше 7 јавни трибини на локално ниво со цел зголемување на информираноста на граѓаните ( вклучувајќи ги маргинализираните/ ранливите категории на граѓани) и зајакнување на свесноста за проблемот со дискриминацијата на тема „Пристап до институционалните механизми и заштита на правата на граѓаните од родова и други видови на дискриминација“.

Целта на овие активности е подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните за постоење на правна рамка и институционални механизми за заштита од дискриминација и унапредување на родовата рамноправност (Кичево на 25.05.2012 ( 15 учеснички од рурални средини), Ресен на 25.05.2012 (17 учесници/чки), с. Борино, Круш ......

 
Програма за обука на волонтери во Г.О. членки на мрежата за Антико - 29.8.2012

Во периодот мај –август 2012 година, вкупниот број на ангажирани волунтери во мрежата на АНТИКО изнесуваше 73. Вклучувањето на волонтери во 10 локални организации членки на мрежата на АНТИКО, претставува позитивно искуство и за младите активисти и за организациите ментори од аспект на размена на идеи, искуства и ставови, како и поради меѓусебната поддршка во текот на реализацијата на активностите.

Организациите кои ангажираат волонтери, располагаат со зголемен обем на човечки ресурси потребни за организирање и спроведување на активностите, имаат прилив на свежи идеи и информации кои волонтерите од своето сопствено искуство ги споделуваат со тимовите на организациите. Волонтерите се едуцираат, стекнуваат нови знаења и вештин ......

 
ЖЕНИТЕ РОМКИ ИМААТ КАПАЦИТЕТ И ЖЕЛБА ЗА УЧЕСТВО ВО ПОЛИТИКАТА - 02.8.2012
Вториот семинар за политичко зајакнување на жените Ромки се одржа од 30.03. – 01.04.2012 во Хотел Климетица – Охрид, со 18 нови членки од ромските политички партии, активистки од граѓанскиот сектор и студентки. Обуката беше одлична можност претставничките од различна партиска припадност да разменат ставови и искуства, но и да се обединат и солидаризираат околу решавањето на заедничките проблеми и интереси на жените Ромки. Семинарот беше фацилитиран од страна на Сонѓул Шабан Ахмед и Фетија Демировска –експертки за родови прашања, кои преку интерактивен пристап и практични вежби, се фокусираа на прашањата кои се од голема важност за зајакнувањето на женскиот идентит и моќ: Учесничките се согласија дека положбата во која се наоѓа жената ......
 
СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ОПШТИНА ГОСТИВАР, СЕ ПРЕПОЗНАВА КАКО ЕДЕН ОД НАЈЧЕСТИТЕ ОБЛИЦИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА - 30.7.2012
Јавната трибина на тема „Пристап до институционалните механизми и заштита на правата на граѓаните од дискриминација“ што се одржа на 28.08.2012 во Гостивар, беше можност и граѓаните од оваа општина да се запознаат со основите на дискриминација и нивното препознавање, правната рамка и институционалните механизми за заштита. На трибината земаа учество претставници на маргинализирани групи, но присуствуваа и невладини организации и претставници на институциите ( Центар за институционална работа, МВР и др.) кои ги пренесоа своите искуства од праксата.Учесниците посебно се интересираа за семејното насилство, механизмите за заштита на жртвите и постапката на надлежните институции, што укажува на фактот дека оваа појава како облик на дискриминациј ......
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.