|
|
ЖЕНИТЕ РОМКИ ИМААТ КАПАЦИТЕТ И ЖЕЛБА ЗА УЧЕСТВО ВО ПОЛИТИКАТА Датум: 02.8.2012 |
|
|
Вториот семинар за политичко зајакнување на жените Ромки се одржа од 30.03. – 01.04.2012 во Хотел Климетица – Охрид, со 18 нови членки од ромските политички партии, активистки од граѓанскиот сектор и студентки. Обуката беше одлична можност претставничките од различна партиска припадност да разменат ставови и искуства, но и да се обединат и солидаризираат околу решавањето на заедничките проблеми и интереси на жените Ромки.
Семинарот беше фацилитиран од страна на Сонѓул Шабан Ахмед и Фетија Демировска –експертки за родови прашања, кои преку интерактивен пристап и практични вежби, се фокусираа на прашањата кои се од голема важност за зајакнувањето на женскиот идентит и моќ:
Учесничките се согласија дека положбата во која се наоѓа жената Ромка во општество се рефлектира и негативно влијае и врз нејзиното активно учество во политика.
Причините, исто така ги гледаат и во недоволната иницијативност и инертност на политичките структури. Радува фактот што жените Ромки сé повеќе се вклучуваат во образовниот процес и работат на зајакнувањето на своите капацитети, но кои за жал, недоволно се ставени во функција, особено кога се работи за политичката партиципација на жените и учеството во структурите на одлучување.
Како резултат на двете спроведени обуки, 38-те учесници ќе спроведат две јавни акции, кои се поврзани со конкретни проблеми од областа на политичкото вклучување на жените –тие ќе се ангажираат, лобираат и јавно застапуваат за изнаоѓање на институционални решенија и механизми за креирање на родово сензитивни стратегии и политики од страна на ромските политички партии, како и поголема застапеност на жените Ромки во структурите на одлучување.
Проектот „Жените Ромки тоа го можат“е финансиски поддржан од OSI во рамките на Годишната програма на ЖГИ АНТИКО, поддржана од програмата ,,Civica Mobilitas’’, имплементирана од Центарот за институционален развој ЦИР-а и финасисрана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (SDC).
|
|
|
|
|
|
|
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! |
|
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот |
|
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции |
|
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО |
|
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ |
|
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство |
|
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ |
|
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 |
|
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош |
|
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 |
|
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 |
|
06.12.2017 - Општина Теарце- |
|
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ |
|
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 |
|
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ |
|
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ |
|
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - |
|
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ |
|
|
|